Во внатрешноста на мозокот на педофилите

Сѐ повеќе научни докази покажуваат дека педофилите, односно луѓето кои покажуваат афинитет кон деца во предпубертетска возраст, имаат различни врски во мозокот од останатите луѓе. На ова се недоврзуваат и наодите од едно ново истражување кое покажува јасна разлика во мозокот кај луѓето кои фантазираат за сексуален чин со деца и луѓето кои ваквата своја желба ја спроведуваат во дело.

Скенирањето на мозокот со магнетна резонанца на 40 лица кои злоупотребувале деца, 37 лица кои признале дека се педофили, но никогаш така не делувале и на 40 здрави лица, покажало „инхибиторни активности“ во две области од мозокот кај педофилите кои никогаш не повредиле дете (задниот цингуларен кортекс и левиот горен фронтален кортекс).

Според истражувачите кај педофилите кои фантазираат, но не ги злоупотребуваат децата, постои подобра контрола на импулсите, што им овозможува да не направат криминал, пишува „The Independent“.

„Овие информации се од голема важност во насока на развивање и евалуација на ефективни превентивни интервенции, особено за лицата кои веќе извршиле сексуално насилство врз дете, како и на лицата од ризичната група“- вели водачот на истражувањето д-р.Борис Шифер.

slide_217300_817811_free

Според други истражувања, корените на оваа состојба потекнуваат дури во утробата додека други одат до таму што тврдат дека педофилијата е сексуална ориентација, исто како хетеросексуалноста или хомосексуалноста и не е можно да се промени. Можеби не е можно да се потисне желбата, но е можно да се избегне желбата да се спроведе во дело.

15824030_303

Кога педофилот ја остварува својата желба и кога е осуден за кривичното дело, неговата состојба уште повеќе доаѓа до израз. Меѓутоа, педофилите кои никогаш не делувале во таа насока, често остануваат недијагностицирани и не добиваат соодветен третман. Ова истражување укажува дека раната интервенција, која има за цел да ја зајакне  способноста за контрола на импулсите, може да помогне да спречат криминалните дела и  да се заштитат децата.

Поддржете ја нашата работа: