Група на истражувачи откриле дека водата постои во две одделни течни фази, кои секоја одделно се разликува во структурата и густината.
Ова нејзино својство, за кое досега не се знаеше првично е опишано во списанието Proceedings of the National Academy of Science (US).
Истражувачите направиле рентгенски снимки на однесувањето на водата на ниски температури и откриле две различни молекуларни структури, а секоја од нив претставувала поинаква течна состојба.
Во поголем дел, мразот во Сончевиот систем не постои во цврста, кристална форма туку, мразот е аморфен и постои во две фази: фаза на ниска и фаза на висока густина.
„На ниски температури, кога кристализацијата на мразот е бавна, водата може да постои во две различни течни состојби“, вели Андрес Нилсон, професор по физичка хемија на Универзитетот во Стокхолм.
„За научниците, ова претставува остварување на сонот. Успеавме да проследиме како водата од стаклеста состојба се трансформира во вискозна течност, која веднаш потоа се преобразува во поинаква, уште повискозна течност со многу пониска густина“, вели Кетрин Аман Винкл, експерт за физичка хемија, која со години го проучува аморфниот мраз.
Новите резултати и даваат многу силна поддршка на сликата каде водата на собна температура не може да одлучи во која од двете форми треба да биде, со висока или ниска густина, што резултира со локални флуктации помеѓу двете, – додава Ларс ГМ Петерсон.
Водата не е комплицирана течност, туку две едноставни течности со сложена врска.