Волците, сепак се социјални како кучињата

Во научниот центар „Волф“, одгледувани се кучиња и волци во слични социјални услови (со луѓе и припадници на нивниот вид), а потоа е тестирана нивната интеракција, не само со луѓето туку и меѓусебната.

Обично се претпоставува дека истражувањето на нашите најблиски генетски роднини, нечовечки примати, ќе ни овозможи да ја разбереме еволуцијата на човечкото социјалното однесување. Сепак, истражувањата на кучињата, со кои делиме заедничка историја, можат да обезбедат еднакво добри наоди.

Оваа идеја е изградена врз претпоставката дека кучињата биле избрани да соработуваат и комуницираат со луѓето за време на припитомувањето и со тоа  развиле некои генетски предиспозиции, овозможувајќи им да развијат вештини за споделување  со луѓето. Според тоа, се смета дека на уникатен начин, припитомувањето на кучињата  резултирало со две способности потребни за соработка за решавање на проблемот, имено социјалната толеранција и социјалното внимание, кои им овозможуваат да го прилагодат нивното однесување со она на нивните социјални партнери. Прашањето е дали овие карактеристики еволуирале по припитувањето?

Наместо да се фокусираат на интеракцијата помеѓу кучињата и луѓето, истражувачите го споредувале социјалното однесување на кучиња и нивните најблиски роднини, волците.

Наодите сугерираат дека волците се карактеризираат со висок степен на социјално внимание и толеранција и дека се еднакво соработливи како кучињата, што би значело дека и кучињата и волците имаат генетски предиспозиции за соработливост. Припитомувањето не е клучен сегмент.

Поддржете ја нашата работа: