Возможно е да постои живот на Титан

Целиот Титан е преплавен со море, но не од вода, туку од течен метан, и Титан може да е дом на клетки кои се базирани на метан и во својот состав не содржат кислород.

Научниците теоризираат за клеточна мембрана составена од мали органски азотни соединенија, која може да функционира во течен метан на температури од 180 степени под нулата. Работата е предводена од страна на експертот по хемиска молекуларна динамика Полет Кленси, како и од Џејмс Стивенсон, дипломиран студент по хемиски инженеринг. Ко-автор на публикацијата е Џонатан Лунин, директор на Центарот за радиофизика и вселенски истражувања „Корнел“ .

Лунин е експерт за месечините на Сатурн и интердисциплинарен научник на мисијата Касини-Хајгенс кој ги откри метан-етан морињата на Титан. Заинтригиран од можностите за живот базиран на метан, и вооружени со грант од Фондацијата Темплтон, за проучување на животот кој не е базиран на вода, Лунин пред околу една година побарал помош од факултетот Корнел за експертиза во хемиското моделирање. Кленси, која никогаш претходно не се сретнала со Лунин, се понудила да помогне.

„Ние не сме ни биолози, ни астрономи, но ги имавме вистинските алатки”, рече Кленси. „Можеби помогна тоа што ние немавме какви било предрасуди за тоа што треба, а што не треба да го има во мембраната. Ние само работевме со соединенијата што знаевме дека ги има таму, и се запрашавме: „Ако ова е нашата палета, што може да се направи од тоа?”

На Земјата, животот се базира на фосфолипидна двослојна мембрана, силни порозни везикули на база на вода во кои се сместени органските материи на секоја клетка. А везикулата направена од таква мембрана се нарекува липозом. Така, многу астрономи бараат вонземски живот во она што се нарекува погодна зона, тесен појас околу Сонцето, во кој може да постои течна вода. Но, што ако клетките не се базирани на вода, туку на метан, кој има многу помала точката на замрзнување?

Инженерите ја крстија нивната теоретска клеточната мембрана “azotosome”.

 


“Аzotosome“ е направен од молекули на азот, јаглерод и водород за кои е познато дека постојат во ладните морињата на Титан, но ги покажуваат истата стабилност и флексибилност аналогно на липозомот на Земјата. Овој резултат беше изненадување за хемичарите како Кленси и Стивенсон, кои никогаш не помислиле на механиката на стабилност на клетките зошто тие обично ги проучуваат полупроводниците, а не клетките.
Соединението кое најмногу ветува и ги исполнува параметрите за можност од него да произлезе живот е акрилонитрил – кој е безбојно, отровно, течно органско соединение кое се употребува во производството на акрилни влакна, смоли и термопластики и истиот е присутен во атмосферата на Титан.

Возбудени од првиот доказ на концептот, Кленси рече дека следниот чекор е да се обиде да покаже како овие клетки ќе се однесуваат во животната средина на метан.

Лунин гледа напред кон долгорочните изгледи за тестирање на овие идеи, не само на Земјата туку и на самиот Титан, како што рече: „Еден ден ќе испратиме сонда да плови на отворено море на оваа неверојатна месечината и ќе извршиме директно тестирање”.

Стивенсон изјави дека е делумно инспириран од писателот на научна фантастика Исак Асимов, кој пишуваше за концептот на постоење на живот кој не е базиран на вода во неговиот есеј од 1962 година, со наслов „Не како што го знаеме”.

Поддржете ја нашата работа: