Врисокот на молецот

Но, всушност, неговата „најстрашна“ карактеристика е неговиот врисок, или поточно неговото квичење. Многу инсекти испуштаат некакви звуци со триење на надворешните делови од телото, како крилјата и нозете. Но, внатрешно произведените звуци се многу поретки, а овие пискави звуци се познати само кај некои видови на молци.

Овој вид на молец е познат како „мртовечка глава“, а името го добил по шарата на грбот која наликува на череп. Со оглед на тоа, не нè изненадува фактот што некогаш го сметале за лош предзнак.

Научниците сега откриле како молецот ги произведува тие звуци. Нивните откритија всушност ги потврдиле оние на две занемарени истражувања од 1920 и 1959 година. Научниците ги тестирале старите хипотези со современи методи, вклучувајќи компјутерска томографија и рентген. Тие го проучувале „Acherontia atropos“ – еден од трите видови на молци „мртовечки глави“ и единствениот кој потекнува од Европа, и откриле дека молецот има механизам за звук во две фази. При првата фаза, молецот вшмукува воздух, при што предизвикува капачето меѓу устата и грлото (епифаринкс) да вибрира. Потоа воздухот се ослободува, додека капачето е отворено, при што се создава втор звук.

Ова објаснува уште едно невообичаено однесување на молците – нивниот упад во кошниците за мед. Цицањето на медот може да довело до еволуција на капачето за тоа да функционира како вентил. Слично на тоа, силните мускули на главата кои го носат медот во грлото, исто така лесно можат да го пумпаат воздухот внатре и надвор. Така, научниците сметаат дека јадењето мед и квичењето се поврзани, а никој не знае со сигурност зошто молците квичат.

Истражувањето е објавено во „The Science of Nature“.

 

Поддржете ја нашата работа: