Оваа опсежна студија сугерира дека лицата кои доживеале сериозна емоционална траума или интензивен стрес имаат поголем ризик од развој на автоимуна болест. Студијата е спроведена во траење од десет години на повеќе од милион лица.
PTSP е анксиозно пореметување кое настанува поради изложеност на траума, а стресните случувања кои го предизвикуваат можат да бидат од најразлични видови како смртен случај, закана со смрт, сериозни повреди и сексуално насилство. Претходните студии го поврзуваат стресот со зголемувањето на ризикот од автоимуна болест, но повеќето од тие истражувања се фокусирани воглавно на мажи.
Кога некое лица има автоимуна болест, имунолошкиот систем на телото ги напаѓа здравите клетки. Најчести автоимуни болести се целијакија, ревматоиден артритис, хронова болест, болести поврзани со тироидната жлезда, мултиплескс склероза и дијабетес тип I.
Студијата, спроведена од страна на Д-р. Хуан Сонг од Универзитетот Island во Рејкјавик и Каролинскиот институт во Стокхолм, опфатила повеќе од 10 000 луѓе со дијагностицирано стресно пореметување, 126 нивни браќа и сестри кои немаат исто пореметување и повеќе од милион други жители на Шведска кои немаат никакво пореметување настанато од стрес.
Овие лица се следени во период од десет години. Резултатите покажуваат дека лицата со PTSP во 46% од случаевите почесто развивале некакво автоимуно пореметување и имале дури двојно поголема веројатност за развој на барем три автоимуни пореметувања.
Ризикот од настанувањето на автоимуна болест е поголем кај жени. Извештајот е објавен во списанието Journal of the American Medical Association.
“Резултатите од оваа студија сугерираат дека пациентите кои страдаат од посериозни емотивни реакции после доживување на траума или интензивен стрес во животот треба да бараат третман на PTSP, бидејќи тие имаат поголема веројатност да развијат автоимуни болести”, вели д-р Хуан Сонг.