Вселенската сонда „Зора“ се приближува до Церера

„Зора“ ја напушти Земјата пред повеќе од 7 години за да истражува два други света во нашиот сончев систем – Церера и Веста, кои се наоѓаат во главниот астероиден појас помеѓу Марс и Јупитер. Церера и Веста се сметаат за протопланети, кои се’ уште биле во процес на растење, кога нивниот раст бил прекинат.

Научниците сметаат дека Церера е составена од карпи кои се покриени со мраз. „Зора“ ќе ја фотографира оваа планета со цел да направи мапа, и исто така ќе го испитува и нејзиниот состав за тоа како нејзината површина еволуирала.

Една од причините поради која научниците се заинтересирани за ваквите ледени тела како Церера е тоа што кога едно вакво ледено тело ќе „падне“ на некое земјено тело, донесува многу вода. Па постои огромна дебата во моментов за тоа дали водените астероиди, како на пр. Церера, а знаеме дека има и други такви на надворешната граница на главниот појас, биле доминантниот извор на вода за океаните на Земјата.

Претходно, во текот на мисијата, „Зора“ открила нешто неочекувано додека орбитирала околу Веста. Наместо да е сува, како што научниците очекувале, имало дамки на површината кои покажувале значително количество на вода заробена од карпите, а можеби дури и слободна вода која најверојатно некогаш течела по површината.

Ако и водата на Земјата дошла од вакви светови, тогаш можеби дошле и некои форми на живот.

Ако „Зора“ открие дека средината на Церера може да биде погодна за живот, тоа може да поттикне понатамошни истражувања со други видови на инструменти за да се тестира таа хипотеза.„Зора“ ќе собира информации до летото 2016 година, а потоа ќе продолжи да орбитира околу планетата.

 

Поддржете ја нашата работа:
Ви благодариме за секоја ваша поддршка и донација