Вселенскиот телескоп Хабл пронашол мртва галаксија

Додека ја фотографирал галаксијата, вселенскиот телескоп Хабл дошол до изненадувачко откритие – галаксијата MACS2129-1 во облик на диск, престанала да создава нови ѕвезди само неколку милијарди години после Биг Бенг.

Тоа покажува дека некои од тие рани, мртви галаксии во облик на диск, кои повеќе не формираат ѕвезди еволуирале со цел да настанат денешните галаксии во облик на елипса, се вели во текстот, објавен во Nature World News.

“Ова ќе нè натера да размислиме повторно за начинот на кој некои галаксии рано прегоруваат и го менуваат својот облик во елипса”, вели авторот на студијата Суне Тофт од Институтот Нилс Бох во Данска.

Претходните истражувања претпоставувале дека мртвите галаксии имаат иста структура како и елипсовидните во кои еволуирале, но претходните вселенски телескопи не биле доволно силни за да го потврдат тоа. Сега научниците го искористиле Хабл како и феноменот наречен “гравитациони леќи”, во кој еден кластер на блиските галаксии создава ефект на природен објектив, што им овозможува на астрономите гледање во самата средина на галаксијата, каде што се раѓаат ѕвездите.

Научниците сеуште не се сигурни зошто оваа мртва галаксија престанала з=да создава ѕвезди. Можните причини ја вклучуваат супермасивната црна јама, која би спречила натамошно формирање на ѕвезди со загревање на гас кој потоа ја напушта галаксијата, или во случај да студениот гас кој влегува во галаксијата да биде компримиран и загреан, поради што не би успеал да се претвори во облаци од кои настануваат ѕвезди.

Тогаш како овие млади галаксии во форма на диск стануваат елипсовидни? Тофт теоретизира дека ова се случува поради тоа што повеќе галаксии сраснуваат заедно.

НАУКА ЗА СИТЕ

ЕНаука — поддржана од читателите

Вашата поддршка ни помага да споделуваме наука на македонски.

ОБЈАВЕНИ НАСЛОВИ9,233од 2014 година
ВКУПНО ПРИМЕНО≈ 3,952 ден.

Поддржете ја ЕНаука

Изберете ја соодветната мрежа и копирајте ја адресата.

BTC15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6
DOGEDNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm
ETH0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c
SOLE7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.