Позади намерата на богаташите да ја освојат вселената се крие претприемачка љубопитност, алтруизам и трошка егоизам.
Позлатени палати, луксузни јахти, не се веќе статусен симбол на американските милијардери. Тие од силиконската долина парите ги трошат главно за истражување на вселената. Желбата да започнат производство на Марс, да организираат туристички вселенски патувања, или да дознаат дали сме навистина сами во универзумот не ги напушта, без оглед на тоа што, како што сега стојат работите сѐ уште се многу далеку од остварување на своите намери. Во групата богати луѓе со планови за освојување на вселената предначат Илон Маск-основачна СпејсЕкс, потоа Џеф Безос со „Блу Ориџин“, Ричард Бренсон и фирмата „Вирџин галактик“, како и Пол Ален и неговиот „Вулкан аероспејс“.
Ешли Ванс, долгогодишен новинар и автор на биографијата на Илон Маск, смета дека позади овие вселенски амбиции се крие мешавина од претприемачка љубопитност, алтруизам и трошка егоизам.
„Момците кои се владетели на вселената се сонувачи пораснати со научната фантастика и визијата за вселената од шеесетите и седумдесетите години од минатиот век. Сега имаат пари визијата да ја претворат во реалност“, смета овој публицист.
Се чини дека најдалеку од Земјата отиде Илон Маск, чија фирма СпејсЕкс имаше 32 успешни ласирања во последните десет години. Од НАСА и другите клиенти заработил околу 10 милијарди долари, главно од испорака на пратки за Меѓународната вселенска станица. Компанијата моментално се опоравува од големата штета предизвикана од екслозијата на ракетата Фалкон 9 која изгоре заедно со сателитите што ги носеше во почетокот на септември.
Џеф Безос, чие богатство се проценува на 66 милојарди долари, основач на една од најголемите светски интернет продавници „Амазон“, преокупиран е со идејата за ракета која ќе носи патници на Црвената планета. Минатото лето најави дека кратки пробни вселенски летови со патници би можеле да започнат веќе следната година. Судејќи според неговите изјави, тој е заинтересиран и за отпочнување на производство во вселената со што Земјата би се зачувала од понтамошно загадување.
За Хана Кернер, директор на фондацијата „ Границите на вселената“ не е важно дали мотивот на овие богаташи е желбата да прават добро или само да засенат со своите достигнувања, бидејќи, како што вели, алтруизмои и егоизмот се две страни од иста медаља. Кога луѓето се алтруисти се чувтвуваат важно и моќно. Истото се случува и кога чувствуваат дека имаат општествено влијание. Сакаат да бидат сфатени како некој кој прави нешто различно, кој се разликува во однос на другите, вели Кернер.
Маск и Безос имаат уште нешто заедничко: двајцата се фрустрирани од сегашните состојби во истражувањето на вселената, оценува британскиот весник. За нив се подразбира дека 40 години после првото стапнување на Месечината, луѓето би требало на големо да патуваат во вселената и да имаат колонии на Марс, додава „Gardijan”.
Меѓутоа, реалноста е прилично различна, а главна препрека на промените се парите- баш тоа што Маск, Безос, Бренсон и останатите богаташи го имаат. Според проценките на НАСА, просечна цена за лансирање на ракета е 450 милиони долари, додека истражувачите од Универзитетот во Колорадо трошоците ги проценуваат на дури 1,5 милијарди. Пред да биде згасната во 2011година, амерканската тридецениска спејс шатл програма чинела скоро 200 милијарди долари.
За да бидат вселенските летови одржливи за приватните компании трошоците би морало да бидат значително помали. Токму на тоа работи и „СпејсЕкс“, обидувајќи се да овозможи една иста ракета да се корист повеќе пати.
И соосновачот на „Мајкрософт“ Пол Ален и британскиот милијардер Ричард Бренсон, исто така сакаат да одат во вселената, но имаат малку подруг пристап. Минатата година „Вулкан аероспејс“ на Пол Ален го претстави најголемиот авион во светот, со распон на крилата од 107 метри, кој на големи височини може да понесе сателити со тежина до 450 килограми и од таму да ги лансира во ниската земјина орбита. Претставниците на компанијата тогаш најавија дека леталото би требало да биде во потполна функција до крајот на оваа деценија.
„Вирџин галактик“ на Бренсон посветен е на вселенскиот туризам и настојува патниците да ги одведе на кратки суборбитални патувања. Повеќе од 700 луѓе, меѓу кои и актерите Том Хенкс, Леонардо Дикаприо и Ештон Кучер, спреми се да платат 250 000 долари за билет. Меѓутоа, датумот на тоа патешествие досега не е објавен, па многумина се прашуваат дали резервациите беа само добро смислена реклама.
Во ова друштво на богаташи кои имат желба да ја покорат вселената се наоѓа и Русинот Јури Милнер, кој објави дека вложува 100 милиони долари во развој на летало способно да стигно до нашата најблиска ѕвезда (после Сонцето) Алфа Кентаур.