Пред две години, светот можеше да види како едно мало вселенско летало се запишува во историјата, односно лендерот Филе успеа да достигне комета која патува 18км во секунда и совршено да се приземји.
Сега е време да го погледнеме големото финале на таа мисија, бидејќи денес наутро, Европската вселенска агенција (ESA) го успа партнерот на Филе – вселенското летало Розета, со тоа што го судри со кометата „67П/Чурјумов-Герасименко“. Ова е крајот на 12 годишната мисија која ни даде неверојатен увид на првите денови од нашиот Сончев систем.
Во март 2004-тата година, леталото од три тона – Розета беше лансирано од Земјата, заедно со лендерот Филе, и патуваше 6.4 милијарди километри низ Сончевиот систем пред да пристигне на кометата „ 67П/Чурјумов-Герасименко“ на 6 август 2014 година.
Оттогаш сведоци сме на најдеталните снимки од кометата досега направени од Розета, и наоѓањето на органски молекули на површината во рок од 60 часа од слетувањето од страна на Филе- пред да остане без напојување неколку дена порано од очекуваното.
Пред некое време се збогувавме со лендерот кој беше во хибернација, па сега е време да се збогуваме и со Розета. На 29 Септември во 4:50 часот според источно време, Розета го започна своето 19км долго контролирано приземјување на едно место на кометата „67П“ наречено Маат, по египетската божица на хармонија, рамнотежа и ред, што го заврши денес (30 септември) во 13:19 часот по наше време.
„Но, тука нема ништо хармонично, урамнотежено или во ред. Со многу камења и длабоки дупки, Маат е нерамно и непријатно место, склоно кон насилни изливи на гас и прашина“- изјавува Меди Стоун за „Gizmodo“.
Сепак, овие карактеристики кои го прават слетувањето на Розета застрашувачко, всушност може да преставуваат златен рудник бидејќи на ова место може да се наоѓа клучот за да се разбере како се формирале кометите, што значи дека Розета ќе истражува и на патот до својот гроб.
Се очекува Розета да овозможи некои од најдобрите податоци од целата мисија со тоа што се користат многу видови на уреди за да се направат фотографии пред самиот контакт, како и да се измери температурата на површината на кометата, густината на прашина, соларните ветрови и полето на гравитација. Возможно е дури Розета да скршне од својот курс, како што се случи и со Филе при слетувањето, и да падне во голема јама на површината на кометата со што не се знае што ќе најде во внатрешноста.
“Ние буквално нуркаме во непознатото, влегувајќи во нова зона за науката“ – изјавува научниот Лоренс О’Рурк.
Доколку се прашувате зошто Европската вселенска агенција става крај на својата мисија сега, тоа е бидејќи како и Филе, Розета снемува соларна енергија како што кометата орбитира се подалеку од Сонцето секој ден. Се проценува дека има преостанато само уште еден месец, па тимот одлучи да стави крај според свои услови.
Целосното слетување на Розета може да го погледнете тука.
https://www.youtube.com/watch?time_continue=9&v=KHPPToSNdik