Вулканска катаклизма – крај на Нендерталецот?

Научниците одамна расправаат дали оваа ерупција допринела за исчезнувањето на Неандеталеците. Бенџамин А. Блек и неговите колеги (Геолошка асоцијација на Америка), ја тестирале оваа хипотеза преку софистициран климатски модел.

Блек и неговите колеги истакнуваат дека ерупцијата приближно коинцидира со опаѓањето на Неандерталците, како и со драматичниот територијален и културолошки напредок на анатомски современите луѓе. Поради тоа, улогата на климата, хуманоидната конкуренција, вулканскиот сулфурен прав  и киселите талози, беа причина за жестока расправа околу причините за исчезнувањето на Неандерталците.

Сепак, тие нагласуваат дека опаѓањето на Неандерцалите во Европа почнува многу пред вулканската ерупција. Наодите на радиоктивниот јаглерод покажуваат дека во времето на ерупцијата, анатомски современите луѓе биле пристигнати во Европа, а бројот на Неандерталците веќе бил во опаѓање. Од работата на пет локалитети на Медитеранот се покажало дека антомски современите луѓе, тука веќе биле етаблирани.

 

И покрај тоа што прецизните импликации од ерупцијата  на културите и опстанокот, најдобро можат да се разберат преку археолочките податоци, велат истражувачите, резултатите од нивната студија, квантитативно ја покажуваат големината и распространетоста на вулканскиот прав и киселите талози со која се соочиле прастарите човечки заедници, што коинцидира со конечното исчезнување на Неандерталците.

Во своите симулации, Блек и неговите колеги, откриле дека најголемо опаѓање на температурата после ерупцијата се случило во Источна Европа и Азија, а биле заобиколени подрачјата каде што живеела последната популација од Неандерталци (Запада Европа). Оттаму, истражувачите заклучуваат дека ерупцијата веројатно не била доволна за да го поттикне исчезнувањето на Неандерталците.

Сепак, наглото заладување што следело непосредно по ерупцијата имало значително влијание на секојдневниот живот и опстанокот на Неандерталците и останатите современите луѓе во Европа. Истражувачите нагласуваат дека температурата во Западна Европа можно е да се намалила за 2 до 4 степени Целзиусови во годините после ерупцијата. Овие неовообичаени услови, велат тие, може да имале директно влијание на опстанокот и  секојдневниот живот на Неандерталците, како и на анатомски современите луѓе, и ја истакнува поголемата отпорност на анатомски современите луѓе кон наглите и неповолни услови во животната средина.

Поддржете ја нашата работа: