За 15 години сите ќе патуваат во вселената?

Патувањето во вселената за петнаесетина години би можело да стане реалност и за оние кои не се екстремно богати, вели италијанскиот астронаут Паоло Несполи кој е уверен дека вселенскиот туризам ќе го промени начинот на кој луѓето ја гледаат Земјата.

„Кога слетувате, среќни сте што сте живи и што мисијата е завршена. Убаво е да се биде и да се работи во вселената, но тоа е многу тешко и стресно, а можноста да погрешите е голема.

Кога слетувате, а не сте уништиле станица и не сте убиле некого, велите „ЈЕС!“ и потоа се отвара вратата, влегува свеж воздух, се будат емоции, гравитацијата е повторно тука и гледате дека се вратил стариот свет“, раскажува Несполи.

Паоло Несполи е астронаут на Европската вселенска агенција кој три пати летал до Меѓународната свемирска станица на која вкупно поминал година дена. Со 61 година, тој е најстариот активен астронаут на ЕСА.

„Тоа е како со мобилните телефони. Се сеќавам дека во астронаутскиот ценар имаше еден од првите мобилни телефони во Германија, а разговорот чинеше 20 марки по минута. Тоа беше неверојатно и размислувавме како некој може да си дозволи толку скап уред. Неколку години подоцна, ги имаше насекаде“, вели Несполи.

На прашањето дали постојат вонземјани, тој одговара дека статистички би било неверојатно да не постојат услови за живот на други места во вселената освен на Земјата.

Поддржете ја нашата работа: