За прв пат: Ајкули ловат и убиваат кит

Китовите обично немаат предатори (освен човекот се разбира, и повремено орка китовите кои се познати по напаѓањето на бебиња китови), што најверојатно се должи на нивната големина. Но, во заштитените области во близина на источниот брег на Јужна Африка, за прв пат е забележан грбав кит долг околу 4 метри кој бил нападнат од група темни ајкули. Обично овие животни се хранат со риби во крајбрежните и океанските води, а повремено и со други морски цицачи, како на пример делфини, но во оваа прилика се чини биле поавантуристички расположени.

Камерманот Морн Харденберг бил сведок на овој настан и вели дека китот неколку часа пливал во круг, додека го бркале 10 до 20 ајкули. Притоа ајкулите го касале и во обид да избега ипливувал на површината. Сето тоа се случувало одредено време, а потоа китот едноставно исчезнал. Најверојатно се удавил од исцрпеност, бидејќи се работи за бебе кит, но неговиот труп не испливал на површината па не се знае дали ајкулите го изеле.

Ова е прв документиран случај на ајкула која напаѓа кит. И други видови на ајкули, како на пример ајкулата-тигар се познати по јадење на местото од китовите, но само по нивната смрт.

Научниците велат дека ајкулите обично не претставуваат закана за здравите бебиња китови, па можно е овој да бил повреден или напуштен од својата мајка, па токму затоа бил поранлив. Сепак, во природата можеби ова се случува почесто отколку што мислиме.

Поддржете ја нашата работа: