Докторите во интензивна служба во Канада дошле до многу чуден случај – кога кај четворица пациенти биле исклучени апаратите кои ги одржувале во живот, кај едниот се забележувала упорно мозочна активност дури и по прогласување на клиничка смрт.
По направените испитувања се докажало дека пациентот имал мозочни бранови што ги имаме кога спиеме.
Тимот лекари известил дека кај еден пациент, единечните делта изливи на бранови продолжија да го следат срцевиот ритам и артерискиот крвен притисок. Тие исто така нагласиле дека смртта е различно искуство за секој и дека имало видни разлики во снимките на мозочната активност, 30 минути пред и 5 минути по прогласувањето на клиничката смрт, но сопред нив рано е да се зборува за искуства после смрт.
Во отсуство на биолошко објаснување, постои можност дека е грешно времето на снимање иако медицинската опрема речиси никогаш не покажува вакви грешки.
Во 2011 друг тим истражувал феномен познат како „бранови на смрт“ кои се случувале кај пациенти, со што се дошло до заклучок дека срцето и мозокот имаат различни моменти на престанување со работа. Тие сметаат дека тој голем бран кој може да биде снимен околу 1 минута по декапитација ја одразува границата меѓу животот и смртта. Но, во случајот со канадските доктори не станува збор за ова.
Во моментот на смртта може да се случат многу чудни работи. Она што може да се знае од ваквите студии е дека сѐ уште не се знае ништо за искуствата после смртта, но она што го покажуваат тие е дека има уште многу за откривање кога станува збор за смртта, и како таа се искусува во телата и во мозокот.
Извор: Факултети.мк