Роботот веќе го користат фармери во САД, но и Европа и Австралија не заостануваат.
Роботот за молзење е опремен со роботска рака водена од ласер. Кога кравата ќе влезе во просторот за молзење, роботската рака го лоцира вимето на кравата, го чисти и прицврстува туби за молзење. Со помош на сензор се контролира загаденоста на млекото, а секој отпадок автоматски се истура. Кога протокот на млеко ќе се намали машината престанува со молзење и ги откачува тубите од вимето, а кравата е слободна да си оди.
Најдобрата работа кај овие роботи е слободата што им ја дава на фармерите. Тие не мора да бидат присутни за да го надгледуваат процесот, туку можат да го следат преку својот телефон. Кравите не мора да се молзат во одреден дел од денот, туку секоја крава може да се молзе во секое време од денот па и навечер. Преку телефонот фармерот може да види кога секоја крава е молзена последен пат и колку млеко произвела. Може дури и да се види кога некоја крава подолго време не била на молзење.
Роботите ќе им овозможат на фармерите многу послободно време и ќе им ја олеснат работата, се разбира ако имаат да одвојат 150 000 долари за да го купат овој робот.
Иако, на прв поглед оваа цена изгледа премногу, сепак според некои груби пресметки инвестицијата би требало да се врати за околу 3 години.
Би било добро нашите одгледувачи на крави да се распрашаат за оваа технологија, особено кај некои од кинеските производители каде и цената и моделот би биле пореалени за нашите услови, каде што за разлика од побогатите држави, како Америка, платата на работниците што ги молзат кравите е значително пониска и инвестицијата од 150 000 долари би била нелогична.