Кога Дејвид Латимер засадил семе во стаклено шише на Велигден во 1960 година од чиста љубопитност, немал поим дека посеаното ќе се претвори во густо зеленило кое ќе напредува во следните неколку децении.
Сега, повеќе од половина век подоцна, “градината” во ова затворено шише е подобра од кога било, и полно со богат растителен живот – и покрај фактот што Латимер не го наводнувал од 1972 година.
Откако ставил малку ѓубриво во шишето, Латимер со помош на жица засадил семе на ползавец и додал малку вода. Шишето го затворил, го оставил на сонце и одтогаш фотосинтезата си го прави своето.
Од 1972 година, кога Латимер последно го полеал семето со вода, растението не добило свеж воздух и вода, но успеало да создаде свој самоодржлив екосистем.
Преку фотосинтеза, растението ја добива потребната енергија за да расте апсорбирајќи ја сончевата светлина. Во тој процес исто така се создаваат влага и кислород – влагата се акумулира, а потоа повторно го наросува растението.
Лисјата кои паѓаат на земјата гнијат и произведува јаглерод диоксид кој е потребен за фотосинтеза.
Зачудувачки е како со малку сончева светлина растението може да расте.
80-годишниот Латимер се надева дека после неговата смрт неговите внуци ќе го продолжат експериментот.