Децата, чии мајки во текот на бременоста вдишувале одреден тип на загадувачи, имаат зголемен ризик од пореметување во вниманието што се забележува штом децата појдат на училиште. Се работи за загадувачи познати како полициклични ароматични јаглеводороди (PAH) кои настануваат при нецелосно согорување најчесто на фосилните горива, дрвото и отпадот.
Ова се наодите на едно ново истражување спроведено од тим на истражувачи на чело со Фредерика Перера од Универзитетот Колумбија во Њујорк , кои го испитувале влијанието на елементите од животната средина врз здравјето на децата. Тие проучувале како делува загадувањето на воздухот кај 233 бремени жени непушачи во градот Њујорк. Истражувачите се фокусирале на изворите на овие загадувачи кои лицата тешко можат да ги избегнат.
Истражувањето започнало со тестирање на крвта на секоја жена во текот на бременоста, бидејќи количината на „PHD“ во крвта ја има и во утробата на жената. После девет години , истражувачите направиле уште едно истражување за да утврдат знаци на пореметување во вниманието кај децата, кои сега биле на девет годишна возраст. На мајките на децата им биле поставени серија прашањ , меѓу кои и дали детето има проблеми во извршувањета на задачи кои бараат одреден ментален напор, како што се на пр. домашните задачи или во игрите со пријателите. Исто така, истражувачите испитувале дали децата имаат потешкотии при следењето на инструкции и дали често правеле грешки од невнимание.
Сите овие се знаци на нарушување во вниманието, што се нарекува Хиперкинетичко нарушување (анг. Attention Deficit Hyperactivity Disorder, или ADHD). Едно од 10 деца во САД има „ADHD“
Кај жените што биле испитувани, главните извори на загадувачи на кои биле изложени, биле сообраќајот и греењето во домовите. Кај некои жени било забележано ниско ниво на „PHD“ додека некои имале зголемено ниво на „PHD“ во крвта. Оние со зголемено ниво, имале пет пати поголема веројатност да имаат деца што покажуваат знаци на нарушување на вниманието до деветгодишна возраст. Овие наоди се објавени во списанието „PLOS ONE“
Секое „ADHD“ не е исто
Постојат три типа на „ADHD“. Првиот тип се карактеризира со недостаток на внимание. Децата со овој тип имат потешкотии да се фокусираат и лесно стануваат расеани и неорганизирани.
Децата од вториот тип се хиперактивни. Тие се немирни, постојано се растрчани наоколу и имаат потешкотии да го контролираат однесувањето. Кај третиот тип, присутни се двата вида на однесување.
Децата кои во утробата на мајката биле изложени на високо ниво на „PHD“ најчесто го имале првиот тип „ADHD“. Ова укажува на тоа дека појавата на „ADHD“ во детството може да е поврзана со изложеноста на мајката на „PHD“ од воздухот во текот на бременоста, заклучуваат истражувачите. Ова предизвикува загриженост, бидејќи истражувањата покажуваат дека децата со „ADHD“ имаат проблеми во училиштето, проблеми во создавањето на пријателства или проблеми да ја задржат работата подоцна во животот.
Што е причина за појавата на „ADHD“ се’ уште не е познато, меѓутоа научниците сметаат дека два фактора играат значајна улога. Едниот е генетскиот фактор – наследство од еден од родителите , а вториот е изложеноста на одредени загадувачи.
„Еден од начините на кој „PHD“ делуваат на развојот на мозокот е преку влијанието врз ендокриниот систем. Овој систем ги контролира хормоните во нашето тело, кои се од витално значење. Тие помагаат во контролата на она што се случува во клетките на нашето тело. Друга можност е дека „PHD“ ја оштетува ДНК или нејзината функција“, нагласува Перера.
Ова е прво истражување во кое се истражува поврзаноста помеѓу изложеноста на „PHD“ во најраните фази од животот и развојот на „ADHD“ подоцна кај децата.
„Жените можат да се заштитат од димот од цигари како извор на „PHD“ во своите домови со тоа што нема да дозволат да се пуши во нивните домови , но загадувањето од сообраќајот и греењето во домовите , тешко можат да го избегнат“, вели Перера.
На 18 Декември (денес) и Харвардското школо за јавно здравје објави резултати од едно истражување кое потврдува дека загадениот воздух делува на неродените деца и дека изложеноста на бремените жени на загаден воздух посебно на честичките „PM 2.5“ доведува до зголемување на бројот на децата родени со синдроми од спектарот на аутизмот.
Ова истражување е спроведено низ 50 амерички сојузни држави на 116 000 медицински сестри во истражувањето започнато во 1989 година.
Овиe истражувањa покажуваaт колку е важно заедницата да го редуцира загадувањето, меѓудругото,за да можат нашите деца нормално да се развиваат.