Загадениот воздух влијае на мозокот!

Постојаната изложеност на загаден воздух може да се поврзе со когнитивните способности – покажуваат резултатите од студијата, спроведена во Кина.

Научниците веруваат дека негативното влијание од загадениот воздух врз здравјето на човекот се зголемува со текот на времето и најмногу ги погодува мажите кои имаат физичка работа на отворено.

Кинеските научници во текот на четиригодишното истражување следеле вербални и математички способности на околу 20 000 жители од Кина.

Веруваат дека резултатите можат да се применат и лобално, со оглед на тоа дека повеќе од 80% од урбаното светско население вдишува премногу ситни честички од воздухот како дим, саѓи, прашина, честички на тешки метали и нивните соединенија.

Студијата во која покрај научниците од Универзитетот во Пекинг, учествувале и оние од американскиот Јеил, се темели на мерењата на сулфур диоксид, азот диоксид и особено ситните честички во воздухот, помали од 10 микрометри во места каде учесниците живееле.

Во истражувањето не се мерела количината на јаглерод моноксид, озон и поголемите лебдечки честички.

Според податоците на СЗО, загадувањето на воздухот е познато и како невидлив убиец кој на годишно ниво во светот предизвикува 7 милиони прерани смртни случаи.

“Последиците од вдишување на загаден воздух се поизразени со текот на годините, особено кога станува збор за мажи кои работат на отворено” се вели во текстот, објавен во списанието Proceedings of the National Academy of Sciences.

Загадувањето го зголемува и ризикот од дегенеративни болести како што се Алцхајмерова болест и деменција, покажува студијата.

“Овие резултати ни овозможија да го проучиме влијанието од загадениот воздух на поединци за време на процесот на нивното стареење. Станува збор за нови сознанија.” – вели еден од ко-авторите на студијата, од Одделот за јавно здравје во Јеил.

Се чини дека бројните загадувачи директно влијаат на човечкиот мозок на многу начини. На пример, загадените честички можат да внесат токсини во мозокот, а некои го зголемуваат ризикот за депресија.

Поддржете ја нашата работа: