Сликите се направени од роверот „Curiosity“ на НАСА, која ја проучува планетата од август 2012 година. Ова е прв пат роверот да го слика зајдисонцето во боја. Сликите се калибрирани, односно бојата е приспособена на камерата на роверот, која всушност ги доловува боите како што би ги виделе луѓето, но е малку помалку чувствителна на сината боја од луѓето, според НАСА.
Сликите биле направени по песочна бура, додека честичките се уште се наоѓаат во атмосферата па така сината боја може поефикасно да продира низ атмосферата“, објаснуваат научниците. „Кога сината светлина ќе се распрска низ прашината, останува поблиску до насоката на Сонцето, во однос на светлината од другите бои. Остатокот од небото е жолт до портокалов, бидејќи боите се распрскуваат по целото небо наместо да бидат апсорбирани или да останат блиску до Сонцето“.
Исто како што боите се подраматични при зајдисонцата на Земјата, така зајдисонцето на Марс ја истакнува сината боја околу сонцето, а нормалната дневна светлина го прави видлив ефектот на замагленост, односно бојата на прашината.