Закани за почвата, закани за безбедноста на храната

Нивните согледувања беа објавени во списанието „Science“.
Во написот што беше објавен под наслов „Почвата и човековата безбедност во 21-от век“, научниците ги истакнале опасностите што и се закануваат на продуктивноста на почвата – а со тоа и на производството на храна, како резултат на ерозијата, исцрпеноста на хранливите материи од почвата, урбанизацијата и климатските промени.

„Почвата е епидермисот на нашата планета“, вели Спаркс во уводот на написот. „Во просек е дебела само околу еден метар, но игра апсолутно клучна  улога во одржувањето на животот“.

Спаркс и неговите пет колеги – коавтори, го направиле овој напис со цел да привлечат внимание за потребата од подобро управување со почвата во текот на 2015 година, која е прогласена за „Меѓународна година на почвите“, од страна на Генералното собрание на Обединетите Нации.

„Историски, луѓето ја оштетуваат земјата со почетокот на земјоделството пред околу 10 000 години“- вели Спаркс. „Ние сега стигнавме до точка каде 40% од копнената површина на Земјата се користи за земјоделски цели. Друг фактор е урбанизацијата која рапидно се шири. Ние веќе го користиме најпродуктивното земјиште, а останатиот дел веројатно ќе биде недоволен да се прехрани растечката популација“.

Бидејќи населението на планетата постојано расте, со предвидувања дека до 2100 ќе достигне 11 милијарди, клучот за поголемо производство на храна би бил изнаоѓање на подобри начини за управување со земјоделското земјиште што веќе го имаме, вели Спаркс, наместо проширување во нови области. Ова, секако ќе значи надминување на некои засташувачки предизвици.

Според Спаркс и неговите колеги, ерозијата на почвата далеку ја надминува продукцијата на почвата во многу земјоделски области. На пример, во централниот дел на САД кој многу време се сметаше за „кошница за леб“ на нацијата, сегашната ерозија на почвата е барем 10 пати поголема од стапката на природната продукција на почвата.

Со ерозијата на почвата се губат и главните хранливи материи потребни за раст на растенијата, што ја зголемува потребата од комерцијални вештачки ѓубрива. Сепак – според Спаркс, сегашната стапка на вештачки ѓубрива е неодржлива.

„Доказ за ова е и големиот скок на цените на ѓубривата“- вели тој. „За продукција на главните компоненти на ѓубривата е потребно или многу енергија или производството е ограничено од  ограничените резерви на Земјата. Оваа класична состојба на понуда и побарувачка води до огромен пораст на цените, што очигледно мора да биде пренесено и на цената на храната.

Според Спаркс, ваквиот пораст на цените на ѓубривата, малку е веројатно дека ќе биде привремен. Најголемиот резервоар на карпести фосфати во САД се очекува дека ќе биде исцрпен во наредните 20 години.

„Доколку не осмислиме подобри начини да заштитиме и да ги рециклираме хранливите материи во почвата и да осигураме нивна подобра искористеност од страна на посевите, наместо тие да бидат отстранети од почвата, ние сигурно ќе се соочиме со недостиг на хранливи материи“, вели Спаркс, додавајќи дека нарушувањата во производството на храна може да претставува причина за геополитички конфликт.

„Човечките цивилизации се воздигнувале и паѓале врз основа на состојбата на нивните почви. Сигурноста на нашата иднина зависи од нашата способност да се грижиме за тоа што се наоѓа под нашите нозе“- вели Спаркс.

Поддржете ја нашата работа: