Запознајте ги астронаутите – кандидати за на Марс

2015-та беше година на извонредни вселенски истражувања. НАСА  (меѓу другите значајни достигнувања) ги објави плановите да испрати луѓе на Марс до 2030 година, а потоа го „запали“ интернетот кога ги повика луѓето да се пријават за тој пат.

Но, она што е можеби помалку познато е дека последната класа астронаути на НАСА регрутирани во 2013 година кои веќе се обучуваат, ќе бидат исто така и кандидати за првиот лет на Марс. И за прв пат во историјата на НАСА , половината од нив се жени.

mars-astronauts-w724

Досега веќе е добро познато дека жените се одлични астронаути – се сеќаваме на Валентина Терешкова и Сали Рајд. Но, со оглед на малата застапеност на жените во областа на науката, технологијата, инженерството и математиката, ова е прилично возбудливо.

Класата ја сочинуваат вкупно осум регрути – Џош Касада, Виктор Гловер, Тајлер Хаг, Кристина Хамок  Никол Аунапу Ман, Ана Меклејн, Џесика Меир и Ендру Морган, кои се избрани од 6.100-те апликанти.

2013_class_of_NASA_astronauts

Самиот процес на аплицирање претставувал 18 –месечни ригорозни медицински и психолошки тестирања, а регрутите ќе поминат две годишна обука пред официјално да им се приклучат на 46-те активни астронаути на НАСА.

Обуката, како што може да се претпостави, е многу интензивна. Кандидатите учат како да управуваат со суперсоничниите авиони Т-38, вежбаат одење под вода во скафандер што тежи 181 килограми и учат како да ја преживеат – таканаречената „vomit comet“, која  симулира бестежинска состојба низ слободен пад.

Покрај тоа, учат и многу вештини за преживување што би им помогнале да се справат со огромниот број на неповолни ситуации на Црвената планета, каде што просечната температура е  -55 степени Целзиусови, каде што има огромни бури од прашина и каде астронаутите ќе бидат постојано изложени на штетните јонизирачки зрачења.

Патот ќе биде долг околу 56 милиони километри во еден правец и ќе бидат потребни помеѓу шест и девет месеци за  да се помине. Но, самиот факт што ќе бидат забележани како првите луѓе што стапнале на Црвената планета е доволна награда за сите астронаути што ќе успеат во тоа.

И како што вели директорот за истражувања во НАСА, Џејсон Крусан во интервјуто за списанието „Glamour“: „Ова не е како пат до Месечината од два-три дена. Кога еднаш ќе се тргне кон Марс, откажување нема“.

Со нетрпение очекуваме да ги видиме талентираните лица што ќе бидат избрани во следната класа за астронаути. Конкурсот е сѐ уште отворен.

Поддржете ја нашата работа: