Запознајте го најстарото растение вратено во живот

Научници од Русија израснаа растение од семе кое било замрзнато пред повеќе од 30 илјади години.

Семето е од растението „Silene stenophylla“ кое било карактеристично за пределот на Сибир и било закопано најверојатно од страна на верверица од Леденото Доба, во близина на брегот на реката Колима. Радиојаглеродното датирање потврдило дека семето е старо 32.000 години.

Семето, кое имало и зрели и незрели семки, било откапано на длабочина од 38 метри под мразот, заедно со коски од мамути, бизони и влакнести нозорози.

Зрелите семки биле оштетени, можеби и од самата верверица за да го спречи нивното ‘ртење во земјата, но некои од незрелите семки се’ уште содржеле оддржлив растителен материјал.

Истражувачите го екстрахирале ткивото од замрзнатите семиња, го ставиле во ампули и тоа успешно изртело. Сега, по една година растенијата се веќе развиени и идентични, но со различни форми на цветот за разлика од современата форма на растението „S. Stenophylla“, и веќе си создале сопствено семе.

49020.adapt.590.1Ова истражување сугерира дека мразот и замрзнатата почва можат да бидат складишта на антички гени, места каде што можат да се пронајдат сега веќе изумрени видови и да се повратат во живот, велат експертите.

Истражувањето е објавено во најновото издание на „Proceedings of the National Academy of Sciences.“

Поддржете ја нашата работа: