Запознајте го слаткиот западно пигмејски посум

Западно пигмејскиот посум (Cercartetus concinnus) е мал торбар ендемичен за Австралија. Со должина на телото до 7,7 см. и опашка до 8 см. овие животни се прилично мали, но всушност се едни од најголемите пигмејски посуми во светот.

2511

Како и останатите видови на пигмејски посум, така и овој е познат по малите периоди на хибернација. Штом температурата падне под 12 степени Целзиусови и храната е се’ поретка, тие паѓаат во длабок сон од неколку дена, при што се намалува нивната телесна температура, потрошувачка на кислород и пулс. Во 1970 година беше забележан најдолгиот период на хибернација од 11 дена без храна и вода, но обично не хибернираат повеќе од 7 дена. Ова е всушност единствениот период кога истражувачите можат да ги фатат.

this vertical exercise machine makes climbing the new at home high intensity workout – yanko design buy testosterone gel australia how to draw foreshortened horses (video)

6a00e0097e4e68883301901c79a14c970b-800wi

Кога не спијат во текот на ладното и дождливо време, овие животинчиња се хранат со нектар, полен, пајаци и инсекти. Преку ден се засолнуваат на дрвјата, во гнездата на птиците или друга густа вегетација, додека во текот на ноќта бараат храна и партнери. Според нас, ова е едно од најслатките животинчиња во Австралија, и веруваме дека ќе се согласите со нас.

Possuwestern-pygmy-possum-wa-(1)

Поддржете ја нашата работа: