Речиси секое вселенско летало во периодот на 1980-тите и 1990-тите носело експериметални растенија во вселената, меѓутоа изгледа дека на растенијата им е потребна гравитација каква што има на Земјата, исто како и на луѓето.
„Микрогравитацијата изгледа влијае на биохемијата на клетките. Растенијата имаа чудни генетски мутации и растеа со непредвидливи и несакани форми. Исто така, не можеа да се добијат семки за повторно посадување, што е клучно за земјоделство во вселената“, вели Братислав Станковиќ од Универзитетот за информатичка наука и технологија во Охрид. Неговиот тим е еден од многуте кои одржуваат експериментални мини фарми во Меѓународната вселенска станица. Тој и неговите колеги од Универзитетот во Медисон, Висконсин, САД направиле капсула што овозможува две генерации на семки успешно да растат во станицата.
Капсулата ја контролирала влагата на почвата, температурата на воздухот, влажноста и нивоата на јаглерод диоксид и етилен (хормон кој растенијата го ослободуваат во воздухот кога почнуваат да зреат), а на дното била поставена мрежа со наѓубрен чакал. Научниците засадиле „Arabidopsis thaliana“, мало цветно растение што се јаде. Растението успешно се развило (92%) и создало семки. Научниците го засадиле и на Меѓународната вселенска станица и на Земјата и разликите помеѓу двете растенија биле многу мали, што значи дека од клучно значење е контролата на средината на растење.
На растенијата кои би растеле во вселената би им била потребна почва која луѓето ќе ја понесат од Земјата и би можеле да ги користат човечките отпадоци како ѓубриво. Или пак, едноставно би ги впивале минералите од која било почва. Научниците веќе засадиле растенија на симулирана почва од Месечината и од Марс, која има сличен состав на минералите како вулканската почва на Земјата. Растенијата упешно се развиле и опстојувале 50 дена без додатни хранливи материи.
Научниците се оптимисти и гледаат уште подалеку во иднината кога луѓето би можеле да ги користат астереоидите за да одгледуваат растенија, особено оние јаглеродните за кои е познато дека содржат органски материи.
Мајкл Мотнер од Универзитетот „Линколн“ во Нов Зеланд успешно одгледал растенија на материјалот од астероид кој паднал на Земјата.
Ја анализирал содржината на хранливи материи и пресметал дека вселенски камен од 200км. би можел да обезбеди доволно ѓубриво за 10 илјади луѓе во период од милијарда години, а луѓето ќе треба само да го контролираат воздушниот притисок и да обезбедат вода.
Сепак, научниците предупредуваат дека оваа визија најпрво се потпира на успехот на нашата планета. Прво треба да погрижиме за нашиот опстанок на Земјата, за да можеме да се шириме во вселената.