Земјотресот од 2011 година во Јапонија ги поттикнал климатските промени?

Емисиите на овие хемикалии, наречени халокарбони , се зголемила од 21% на 91% во однос на типичното ниво, според новата анализа објавена во „Geophysical Research Letters“.

Прв поглед

Анализата е прв обид да се погледне како земјотресот Тохоку влијае на ослободувањето на штетни гасови во атмосферата и веројатно еднаод првите која ги анализира емисиите на овие гасови по природната катастрофа, велат авторите.

Откриен е нов механизам на халокарбони во атмосферата.

Испуштените халокарбони по земјотресот вклучуваат хемикалии кои ја осиромашуваат озонската обвивка и придонесуваат за глобалното затоплување – вклучувајќи и некои гасови кои повеќе не се користат, бидејќи имаат штетни ефекти врз животната средина. Тие вклучуваат хлорофлуорокарбонати како “CFC-11“, моќна хемикалија која се користела во пената за изолација до 1996 година, и хидрохлорофлуоројаглероди како “HCFC-22“, со што се осиромашува ладењето на озонот. Се работи за моќни стакленички гасови кои се во процес да бидат отстранети од употреба. Меѓу другите халокарбони ослободени од земјотресот се и хидрофлуоројаглероди или “HFCs“, сулфур хексафлуорид и др.

Емисиите на шест халокарбони ослободени во Јапонија во 2011 година се околу 1.300 метрички тони на “CFC-11“ – еднакво на износот на “CFC-11S“ во 2,9 милиони фрижидери произведени пред хемикалиите да бидат забранети. Вкупните емисии на шесте хемикалии се еквивалентни на ослободување на 19,2 милиони метрички тони на јаглерод диоксид во атмосферата – износ еднаков на околу 10 проценти од емисиите на возилата во Јапонија во 2011 година.

Авторите откриле дека емисиите на сите шест халокарбони биле повисоки од март 2011 до февруари 2012 година, по земјотресот во однос на истиот период претходните години.

Околу 50 проценти од емисиите на халокарбони по земјотресот се “HCFC-22“, веројатно поради оштетување на фрижидерите и климатизерите. Емисиите на “CFC-11“ се ослободени поради оштетување на пената за изолација која се користи во изградбата на зградите.

Влијание

Иако глобалниот  ефект од еден настан е мал – емисиите поврзани со земјотресот Тохоку изнесуваат 4% или помалку од глобалните емисии во 2011 година – кумулативниот ефект може да биде поголем.  Бројот на природни катастрофи се зголемува по ослободувањето на овие гасови кои го оштетуваат озонот, а тоа пак доведува до дополнително ослободување. И така во круг.

Поддржете ја нашата работа: