Зеолит: Минерал на иднината кој помага при детоксикација на организмот

Зеолит претставува редок природен минерал од вулканско потекло, создаден со природна реакција помеѓу кондензатот на вулканската пареа и океанските води во специфични геолошки услови.

Природни зеолити има околу 276 видови, а врз основа на морфолошката градба се јавуваат во три основни форми : влакнасти, лиснати и кристални. Содржи микроелементи како што се натриум, калциум, калиум и магнезиум, кои се од голема важност за нашето здравје.

Се користи за детоксикација на организмот. Детоксикацијата со помош на одредена исхрана или додатоци ја олеснува работата на имунолошкиот систем и му овозможува рамнотежа на организмот.

Резултатите од примената на зеолитот во медицината се засноваат врз испитувања кои ги спроведуваат реномирани светски научници од областа на фармалошката медицина. На самиот почеток од испитувањата, особено кон крајот на втората половина од минатиот век, во светот на медицината и фармакологијата имало многу дискусии и дилеми во врска со зеолитот.

Многу светски научници секоја година објавувале нови докази за неговоте лековити својства. Конечно постојат научни докази, па денес перцепцијата на човекот е поинаква.

Американската FDA зеолитот го стави во групата GRAS (генерално препознатливи како сигурни).

Овој минерал е способен да ги исчисти телото од тешки метали како олово, арсен, жива, алуминиум, никел и кадмиум, кои се целосно непотребни за човечкото тело.

Зеолитот е адсорбенс кој директно го чисти телото и од него успешно и сигурно ги отстранува тешките метали и другите токсини. Испитувањата покажаа дека главното предупредување доаѓа од изложеност на тешките метали.

Светската здравствена организација изработила опсежна студија кои ги разгледуваа овие метали и нивните ефекти за здравјето на луѓето. Последните студии покажале дека зеолитот има неверојатни способности да ги отстранува овие тешки метали од телото по пат на јонска размена.

 

Поддржете ја нашата работа: