Глобалното затоплување, односно затоплувањето на атмосферата и површината на нашата планета, е најголемата опасност со која човекот се сретнал. Иако со овој феномен сме се среќавале и порано, сега веќе работите се посериозни поради брзината која напредува.
Сите релевантни истражувања се едногласни дека за актуелното затоплување најголем виновник е човекот, кој придонесува првенствено со високата емисија на стаклени гасови. Последиците за живиот свет се катастрофални. Многу врсти на животни и растенија не можат бргу да се прилагодат и затоа умираат. Меѓутоа, и меѓу нив постојат некои животни кои брзо се адаптираат, па дури и напредуваат.
Многу животни страдаат од порастот на температурата во морето. Но главоносците, во кои се вклучуваат октоподот и лигњите не се меѓу нив. Бројот им се зголемува за изненадување на научниците. Се претпоставува дека овие животни го прилагодиле својот метаболизам со тоа што сега побрзо созреваат и се размножуваат од порано.
Арктички комарци
Со зголемувањето на просечните температури во Арктикот условен е уште еден несакан раст: бројот на Арктичкиот комарец. Се покажа дека зголемувањето на температурата за само 1 °C, го забрзува развојот на ларви од комарци за 10%. Благодарение на раното полнолетство, помалку се изложени на предатори кои ги гледаат како плен во фазата на ларви, што додатно придонесува за процут на овој вид.
Едни од најголемите шумски штетници живеат под кората на дрвата, хранејќи се со неа. Се појавуваат во август и септември, живеејќи во претходните топли месеци во форма на ларви. Заради зголемување на температурите почнаа да се појавуваат уште во јуни, што им овозможи да се размножуваат во многу поголем број. Штетата што ќе ја направат на шумите ќе се утврдува во иднина.
Веќе изумрениот вид на лебеди кои имаат црн клун, последнава деценија доживува голем пораст поради зголемените температури. Освен тоа што се заштитени со закон како загрозен вид, глобалното затоплување им овозможува пристап до нови подрачја кои овој вид ги користи за размножување. Подрачјата порано не биле достапни.
Глобалното затоплување ќе им користи и на змиите, со акцент на ѕвечарките. Нивната телесна температура ја одредува околината, така што потоплата средина ќе им го намали периодот за хибернација. Таа, исто така ќе им го зголеми рокот за репродукција, што ќе доведе до зголемување на бројот на овие животни.
Бројот на дивите свињи во природата расте. Тоа што имаат потопли зими им овозможува да преживеат и старите и младенчињата, кои на свет доаѓаат на почетокот на зимската сезона. Од истите причини дрвата даваат повеќе плодови, што првенствено се однесува на желади и ореви, кои нив им се примарна исхрана.
Мачките се парат на почетокот на годината, во првите топли денови на пролетта. Поради промената на климата во зима, која некогаш беше долга и студена, а сега многу потопла, им се овозможи на мачките да се парат во текот на целата година.