Злато од канализација

Одамна е познато дека во канализациите има метали. Но, што кога тие би имале некаква вредност? Научниците од Државниот Универзитет во Аризона, за да го испитаат тоа, земале примероци од талогот во канализациите низ земјата и ја мереле содржината на метали.

Се концентрирале на 13 од најмногу концентрираните минерали со најголема вредност, вклучувајќи ги и благородните метали како платина, злато и сребро, како и почестите бакар, железо и цинк. Користеле спектрометар кој ја мери масата на атомите и молекулите. Откриле дека во талогот кој секоја година останува во еден град со околу еден милион граѓани има метали вредни приближно 13 милиони долари, вклучувајќи 2,6 милиони во злато и сребро.

Пол Вестерхоф, главниот истражувач, вели дека ова би можело да биде вредно за оние градови кои бараат начини да добијат нешто вредно од нешто што би можело да им предизвика проблем и трошок при исфрлањето. Еден град во Јапонија веќе се обидел да го направи тоа.

„Треба да престанеме да размислуваме за канализациите како отпад и да почнеме да ги гледаме како ресурс. Металите не се единственото нешто со потенцијална вредност. Некои растенија во канализациите ослободуваат фосфор и азот, што може да се продава како ѓубриво“, истакнуваат научниците.

Една шведска компанија веќе се обидува да направи биопластика од отпадните води. А во една статија веќе споменавме за пилот санитарните системи во Индија, финансирани од Фондацијата на Бил и Мелинда Гејтс.

Следниот чекор е да се пресмета дали сето ова е економски и технички остварливо.

enauka.mk
9,241наслови од 2014 година

За љубопитноста што нè поврзува.

Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.

BTC · DOGE · ETH · SOL
≈ 3,798денари
Вкупно донирано

Донирај за науката на македонски

Избери мрежа за да ја видиш адресата.

Адреса (BTC)
QR-код за крипто адресата

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.