Значењето на антибиотиците кај децата со рак

(мал број на неутрофили, најзастапениот вид на бели крвни зрнца), имаат пониска стапка на смртност во споредба со децата кои земаат антибиотици надвор од таа 60-минутна рамка.

„Зборуваме за деца кај кои после хемотерапијата се јавува температура. Ова истражување ја нагласува потребата тие веднаш да се вратат во болница, да им се испита бројот на бели крвни зрнца и да им се препишат антибиотици“, велат истражувачите.

Истражувањето е направено во рамките на Детската Болница во Колорадо, со цел децата болни од рак навремено да примат антибиотици во случај на температура и мал број на бели крвни зрнца. На почетокот на истражувањето, потребното време изнесувало 150 минути, но истражувањето покажало дека, во примерок од 220 деца, стапката на смртност кај оние кои примиле антибиотици во рок од 60 минути е 0,7%, за разлика од 3,9% кај оние кои примиле подоцна.

Истражувањето, исто така, ја нагласува потребата од намалување на времето потребно за да се утврди бројот на белите крвни зрнца, со цел пациентите што побрзо да започнат со третманот. Обично за тоа е потребна целосна машинска анализа проследена со човечки техничар. Но, потврдата од човечкиот техничар се разликува од машинската за помалку од 0,5% од случаите. Доколу се отфрли, времето потребно за да се утврди бројот на белите крвни зрнца ќе се намали од 45 на 20 минути.

Кај само 11% од децата болни од рак, кај кои ќе се појави температура и неутропенија, се јавуваат сериозни инфекции и компликации. Со помош на ова истражување, кое ни ја покажува важноста на тоа што побрзо да се примат антибиотици, тој број може да се намали на нула.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt