Слоновите се најголемите копнени животни во светот. Она што е најзабележливо кај нив е нивната сурла која им користи за мирис, копање и комуникација со другите слонови, покрај неизбежното земање на храна и вода, а потоа и нивните уши.
Знаеме дека мамутите кои пред нивното изумирање живееле во студените краеви, а изгледале како влакнести слонови. Помеѓу останатите разлики, постои една најважна – мамутите имале многу помали уши од слоновите. Тоа сведочи за тоа што најверојатно за ушите на денешните слонови е одговорна потоплата клима.
Ушите на денешниот слон претставуваат дури една шестина од телото на овие огромни цицачи. Големината на ушите е доста важна, бидејќи што поголема маса имаат, потешко е да се постигне разладување на телото. Слоновите се многу големи животни, па животот во топли и сушни климатски услови би можел да биде прилично опасен бидејќи не постои ефикасен начин за брзо ладење на телото.
Имено, тие немаат свои потни жлезди и поради тоа не можат да се разладат од пот кога деновите се исклучително топли. Наместо тоа, ги тресат своите големи уши создавајќи благ ветер.
Меѓутоа, погрешно е да се мисли дека нивните уши имаат улога слична на лепеза. Во ушите на слонот се наоѓа мрежа од огромни крвни садови кои се шират кога е жешко и се собираат кога е ладно. Кога станува збор за топли временски услови, слоновите ги тресат ушите за ветерот да струи преку зголемените ушни вени, поточно им ја разладува крвта која струи низ нив.
Со оглед на тоа дека едно уво може да има должина до 2,1 м. при поминувањето на воздух низ мрежата од крвни садови, на неговата површина може да се излади доста крв. Таа разладена крв потоа се враќа во телото на слонот и му помага на животното да се освежи.