Зошто е тешко да се одржи контакт со очи?

Постои многу добра причина поради која е тешко да одржиме контакт со очи со соговорникот за време на еден разговор – сметаат научниците од Универзитетот во Кјото.

Накратко, нашиот мозок не успева во исто време да управува со размислување за изборот на прави зборови и истовремено лицето да остане фокусирано во очите на соговорникот. Тоа особено е забележливо кога некој се труди да изговори некои помалку познати зборови.

Научниците во регионот на Кјото направиле тестирање на 26 доброволци. Помеѓу останатото тие морале да играат асоцијации со зборови и истовремено да гледаат во компјутер на чиј монитор се појавувале лица.

Во обидот да се одржи контакт со очи со лицето од фотографијата, лицата кои биле фокусирани, асоцијациите ги погодувале со потешкотии. Резултатите од оваа студија се објавени во списанието Cognition.

“Иако се чини дека контактот со очите и вербалното процесирање не зависат толку многу едно на друго, луѓето честопати го скршнуваат погледот од очите на соговорникот во текот на разговорот, што укажува на меѓусебната поврзаност помеѓу овие два процеси”, велат јапонските научници.

На испитаниците им требало многу повеќе време да се потсетат на некои зборови додека соговорникот ги гледал во очи, но само кога тоа бил некој комплициран збор.

Тоа значи дека мозокот е принуден истовремено да обработи повеќе информации, како на пример, полесно ќе го гледате соговорникот додека му велите “стол”, отколку “дадотека”.

Иако бројот на испитаници во оваа студија е премногу мал, хипотезата е интересна. Јапонските научници потсетуваат дека не станува збор за само една студија која покажува дека контактот со очи лесно го збунува мозокот.

Сепак мора да разбереме дека доколку некој не не гледа во очи во текот на разговорот тоа не значи дека е непристоен, туку можеби неговиот когнитивен систем е преоптерен.

Поддржете ја нашата работа: