Зошто е толку тешко да се ослободиме од мирисот на лук во устата?

Дека вашиот партнер јадел нешто што содржи лук, со сигурност можете да препознаете дури и еден ден подоцна, иако тој барем два пати оттогаш ги измил забите.

Причина за ова се четири испарливи сулфурни соединенија што се ослободуваат од мелениот или сецканиот лук (како што најчесто го конзумираме), на кои нашиот олфакторен систем е особено чувствителен.

Главен виновник е соединението алил метил сулфид што се метаболизира побавно од другите, одржувајќи повисока концентрација во телото подолго време. Откако ќе се изеде лукот, овие моќни компоненти се апсорбираат во крвотокот и испаруваат додека поминуваат низ белите дробови, што резултира со лош здив.

Овој феномен докторите за прв пат го забележале во 1936 година. Здивот на пациент на кој му била дадена супа од лук преку цевка за хранење, имал мирис на лук со часови подоцна, иако тој воопшто не ја допрел храната со уста.

Мирисот на лук, исто така може да се осети и преку потта бидејќи испарувањата се излачуваат и преку порите (истото се случува и со јаките зачини кои се испарливи и споро се метаболизираат).

t1larg-garlic-ts

За да ја ублажите јачината и времетрањето на овие незгодни компоненти изедете јаболко или сирово нане, после оброкот што содржи лук, советува Шерл Беринџер, професор по  наука за храна на Државниот Универзитет во Охајо и автор на документот објавен во „Journal of Food Science“ во 2014 година. Докажано е дека полифенолните соединенија во овие две намирници ги неутрализираат испарувањата од лукот. Магдоност и млекото, особено ако го пиете заедно со оброкот,  исто така помагаат да се ублажи мирисот на лукот, како и зелениот чај и сокот од лимон.

Секако, не мора да се споменува и четкањето на забите, бидејќи ако во устата ви останат ситни парченца, здивот пак ќе ви мириса на лук.

Статијата оригинално е објавена во изданието септември/октомври 2015 година на списанието „Popular Science“.

Поддржете ја нашата работа: