Зошто ги одолговлекуваме работите?

Сите одолговлекуваат. Било тоа да се тотално неважни интернет страници додека се обидувате да напишете есеј или хумористична серија на телевизија баш кога мора да учите или работите. Веројатно е факт дека секој се нашол во таква ситуација, каде одолговлекува со завршување на важни работи бидејќи вниманието вам ви го одвлекуваат помалку битните работи, или прво ги завршувате поинтересните задачи, а потешките и досадните ги оставате за на крај. Сето тоа е дефиниција за одолговлекување (анг. procrastination).

Сите ние имаме важни временски рокови кои мораме да ги исполниме, било тоа во облик на испит за кој учиме или помали задачи како на пример водење на вашиот миленик на вакцинација. Но, што е рокот поблиску, секојдневните задачи стануваат се попривлечни – особено чистењето.

Хроничното одолговлекување доведува до поголема продуктивност, ни и влијае на мозокот бидејќи доведува до грижа и стрес. Како што се приближува рокот кај нас се поизразени чувствата на фрустрации поради недоволна посвета на задачата. Но зошто и покрај тоа одолговлекуваме?

За да одолговлекуваме, мораме да имаме оцена на вредноста на нашето однесување. Со други зборови, мораме да бидеме свесни дека се занимаваме со доста поневажни работи наместо да се занимаваме со она што ни е поважно.

Делот од мозокот кој го контролира центарот за донесување на одлуки, кој одредува кое однесување ќе се манифестира е наречен префронтален кортекс. Има важна улога при обликувањето на позитивните или негативните слики за некоја задача и нејзините резултати, што значи дека мозокот одлучува на оние активности кои претходно резултирале во поволна смисла.

Таа мозочна област е важна за обликување на вредносните судови, како и одлуки воопшто, од што може да заклучиме дека манифестираме одредено однесување бидејќи сме научиле дека ни овозможуваат да се чувствуваме убаво.

Невротрансмитерите во мозокот обликуваат награда и создаваат добро чувство. Пожелното однесување се наградува со ослободување на допамин во мозокот, а следно тој поттикнува однесување кое ни овозможува да го повториме истото за да ја искусиме среќата.

Задачите со кои сме окупирани во текот на одолговлекувањето се оние кои имаат мала краткорочна и моментална вредност, во одност на важноста. Тоа е чест пример за привремени отстапки, ја преценуваме вредноста на исходот доколку веднаш дојдеме до него. Тоа се нарекува моментална пристрасност.

За подобро да го објасниме феноменот на одолговлекување постои и една теорија која се темели на личноста. Таа вели дека одолговлекувањето е облик на барање сензација. Таа теорија сугерира дека личноста која одолговлекува може да припаѓа на групата наречена – поблага форма на адреналински зависници. Досега напишаното само ја поддржува теоријата дека подобро функционираме под притисок.

 Како да се спротивставиме на одолговлекувањето?

Постојат многу техники кои им помагаат на луѓето да работат поефективно. На пример, Помодоро техниката го раскинува периодот на работа на имагинарни 25 минутни делови, по што се добива мала кратка награда, а натаму следи 25 минутиработа. Таа техника ја докажала продуктивоста кај човекот во текот на целиот ден.

Прифаќањето на тенденцијата кон одолговлекување, ни овозможува промена во однесувањето и поголема продуктивност.

Поддржете ја нашата работа: