Откако во 2002-рата година, за прв пат бил употребен терминот „сапиосексуалност“ во текст објавен на блог корисник, до денешен ден се повеќе добива популарност и значење.
Сапиосексуалноста се дефинира како сексуална привлечност кон интелигентни луѓе, што значи дека на прво место кај потенцијалниот партнер се гледа интелектот, за разлика од вообичаеното, надворешниот изглед.
Во последните години на интернет страните за запознавање, се поголем број на жени и мажи наведуваат дека ги привлекува интелигенцијата.
Што вели науката по ова прашање?
Во последните 2,5 милијарда години, човековиот мозок тројно се зголемил. Ниту еден друг вид на суштества не развиле толкаво зголемување на мозочната маса како луѓето. Се поставува прашањето Зошто е тоа така, кога човекот би можел одлично да функционира и со помал мозок.
Сексуалната селекција, според Дарвинова теорија, нуди едно објаснување. Теоријата обрнува внимание дека се работи за настанување на особини за кои недвосмислено може да се заклучи дека им одмогнуваат на своите носители во преживување, но им помагаат во размножување. На пример, големата раскошна опашка на паунот му го отежнува летањето и тој не може да побегне брзо, доколку се најде во некоја опасност.
Од друга страна, складното шаренило ги привлекува женките. И човековиот мозок антрополошки се смета за „загрозувачки“ за нашиот вид. Колку што е покомплексен и поголем, постојат поголеми шанси за оштетување на нервниот систем. Од друга страна зголемувањето се поврзува со способностите да се развиваат особини во борбата за пронаоѓање сексуален партнер и заведување.
Докажано е дека гените кои влијаат врз интелигенцијата и оние кои влијаат врз плодноста се наоѓаат во ист хромозом – Х хромозом. Со оглед дека двете карактеристики бараат комплексна генетска мрежа, се смета дека еволуирале заедно.
Биологот Џефри Милер тврди дека интелигенцијата е индикатор на општото здравје, па оттаму кога нашите предци бирале партнер врз основа на интелектот, тоа истовремено бил партнер со кој можеле да остварат плодно потомство.
Во соработка со: Gostivarpress.mk