Зошто користиме емотикони во пораките?

Една нова студија открива дека голем дел од денешната култура е начинот на кој го интерпретираме нашето лице, па дури и со емоции во текстуални пораки.

Научникот за однесување на луѓето Масаки Јуки, од Универзитетот Во Хокаидо, вели дека Јапонците имаат тенденција да ве гледаат во очи во потрага по емоционални знаци, додека Американците повеќе гледаат во вашата уста.

“Нивните насмевки изгледаат чудно за мене. Ја отвараа устата широко, и претерано ги поткреваа аглите на устата,” вели Јуки додека раскажува за неговото детство, периодот во кој бил маѓепсан од фотографии кои прикажуваат насмеани лица на Американски познати ѕвезди.

Истиот проблем со интерпретација се јавувал при набљудување на емотикони. На пример, Американските емоции би се менувале на следниов начин:

:) – среќен

:( – тажен

Додека емотиконите кај Јапонците би изгледале различно и би се фокусирале на очите:

(^_^) – среќен

(;_;) – тажен

За да ја тестира својата теорија, научникот ги замолил своите колеги на интерпретираат некои компјутерски генерирани слики, и да кажат дали тие претставуваат среќа или тага.

Тој открил дека неговите Јапонски колеги им придаваат поголема важност на очите, додека Американците се фокусирале на изгледот на устата.

 

Поддржете ја нашата работа: