Зошто мајчиното млеко е важно за луѓето?

На човечките бебиња повеќе им се потребни хранливите материи од мајчиното млеко, отколку на бебињата на едни од нивните најблиски роднини – мајмуните резуз макаки – според истражувањето објавено во „Journal of Proteome Research“, кое го споредува мајчиното млеко кај луѓето со она кај мајмуните резуз макаки.

Истражувачкиот тим предводен од страна на Универзитетот во Калифорнија, Дејвис, дојде до овој заклучок по развивањето на нова техника за споредување на сите протеини во човечкото мајчино млеко со она на мајмуните резус макаки, при што идентификува нови 524 протеини во човечкото мајчино млеко.

„Мајчиното млеко претставува рецепт за исхраната на луѓето во неонаталниот период, но се’ уште има многу работи кои не се познати за молекуларниот состав на млекото“, истакнуваат научниците.

За таа цел, тие развиле нова техника со која идентификувале 1.606 протеини во мајчиното млеко и 518 протеини во млекото кај мајмуните резус макаки. Тука се вклучени и 88-те протеини кои се заеднички за двата вида, но се на различно ниво, односно 93% од нив се наоѓаат во поголемо количество кај човечкото мајчино млеко. На пример, научниците откриле дека човечкото мајчино млеко содржи значително поголем број на протеини кои помагаат во варењето на масните соединенија, бавното варење на протеините и зголемувањето на апсорпцијата на железо, витамин Б-12 и витамин Д.

Ова се совпаѓа со воспоставеното гледиште дека луѓето се раѓаат во малку порана фаза на развој и им е потребна поголема количина на специфични протеини, во споредба со приматите.

Научниците сметаат дека овие наоди ќе овозможат подобро разбирање на составот на мајчиното млеко и ќе ги идентификуваат основните хранливи состојки кои треба да бидат вклучени во формулата за бебиња.

НАУКА ЗА СИТЕ

ЕНаука — поддржана од читателите

Вашата поддршка ни помага да споделуваме наука на македонски.

ОБЈАВЕНИ НАСЛОВИ9,237од 2014 година
ВКУПНО ПРИМЕНО≈ 3,922 ден.

Поддржете ја ЕНаука

Изберете ја соодветната мрежа и копирајте ја адресата.

BTC15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6
DOGEDNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm
ETH0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c
SOLE7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.