Во опсежна 20-годишна студија која го следи индексот на телесна тежина (BMI) на повеќе од 10.000 мажи, истражувачите откриле дека „татковското стомаче“ навистина постои, и покрај тоа што тие користат друго име за да го опишат овој феномен. Ефектот на татковството како што го нарекуваат, е одговорен за дебелеење на татковците по раѓањето на бебињата. Тоа се случува без разлика дали бебињата живеат со татковците или не.
Студијата, спроведена од страна на истражувачите од Феинберг школата за медицина во САД, покажа дека просечниот човек висок 180 сантиметри, кој живее со своето новороденче, добива во просек 2 кг по раѓањето на детето, додека оние кои живеат подалеку од детето добиваат во просек 1,5 килограми. Се смета дека се резултат на промените во начинот на живот и исхрана кај новиот татко, што е во прилог на зголемување на телесната тежина која настанува со стапувањето во брак.
Анализирана е тежината и индексот на телесна маса кај млади мажи во четири пeриоди од нивните животи – рана адолесценција, доцна адолесценција, во средината на 20-тите години и во почетокот на 30-тите години – класифицирајќи ги како не-татковци, присутни татковци и не-присутни татковци.
Во истиот период, додека младите татковци се здебелиле, мажите кои немале деца всушност изгубиле тежина, просечно 180 см висок човек губел речиси две третини од килограм.
Студијата, објавена во „American Journal of Men’s Health“ можеби ќе предизвика шеги на сметка на новопечените татковци, но авторите се обидуваат да покажат дека врската меѓу зголемувањето на телесната тежина и лошата здравствена состојба воопшто не е смешна.
„Татковството може да влијае на здравјето на младите мажи, паралелно (па дури и повеќе) со веќе познатиот ефект на бракот”, вели Крег Гарфилд, главен автор на студијата, во соопштението. Колку поголема тежина и индекс на телесна маса имаат, толку поголем ризикотза развој на срцеви заболувања, дијабетес и рак.
Истражувачите веруваат дека педијатрите може да се во најдобра позиција да понудат совети за здравјето на младите татковци, бидејќи многу од нив не одат редовно на лекарски консултации.
Новите татковци доаѓаат во системот за здравствена заштита како педијатриски придружник. Ова е можност да се зборува за работи кои се важни за здравјето на татковците и децата и да се понуди нутриционистичка и психолошка едукација.