Зошто ова се случува е прашање што ги следи астрономите со години. Но сега, после 20 години истражувања, научниците од Државниот Универзитет во Мичиген можеби се на прагот да го одговорат ова прашање.
Според истражувањето објавено во списанието „Nature“, галактичкиот „дожд“ можеби е клучниот фактор дали галаксијата ќе биде „плодна“.
„Знаеме дека врнежите можат да ја успорат нашата работа. Но сега знаеме дека тие исто така можат да го успорат формирањето на ѕвезди во галаксиите со големи црни дупки“ –вели Марк Волт, професор по физика и астрономија кој го водел истражувачкиот тим.
Се разбира не се работи за врнежи од дожд и снег, туку за ладен гас кој го прави возможно формирањето на нови ѕвезди. Кога условите се погодни овие облаци од ладен гас помагат да се создадат ѕвезди. Сепак некои од тие облаци паѓаат во огромните црни дупки кои се наоѓаат во центарот на тие галаксии. Тоа поттикнува создавање на млазеви како реактивен мотор кои го загреваат гасот, што го спречува создавањето на нови ѕвезди.
Истражувачите го користеле телескопот Чандра на НАСА за да ги испитуваат Х-зраците на повеќе од 200 галактички групи. Тие можат да посочат како овој процес на врнежи влијае на средината што се наоѓа околу некои од најголемите црни дупки во универзумот.
Додека кај некои галаксии врнежите имаат клучна улога, истражувачите откриле други галаксии каде врнежите се исклучени. Кај овие галаксии движењето на топлината околу централната галаксија, можеби како последица на судир со друга галактичка група, веројатно ги „исушила“ врнежите околу црната дупка.
Галактичките групи може да содржат помеѓу 50 и 1 000 галаксии. Нашата галаксија- Млечниот Пат –е дел од галактичката група која се нарекува Месна (Локална) група , која содржи околу 50 галаксии.