Зошто ни тече носот во зима?

Штом ќе паднат температурите, за да се заштитиме од студот се виткаме со шалови, ставаме капи и ракавици, но независно колку топло ќе се облечеме, струењето на ладниот зимски ветер сепак секогаш предизвикува да ни тече носот. Па што е тоа што прави носот да ни тече штом ќе стапнеме надвор кога е ладно?

Во новото видео на „SciShow“, водителот Мајкл Аранда, ја објаснува оваа појава која е дел биологија, а дел физика, позната и како термодинамика.

Од биолошка гледна точка, носот почнува да лачи повеќе слуз за да го навлажни и загрее ладниот воздух, со цел да се спречи сушење на носната празнина кое може да доведе до крварење од носот. Дел од слузта истекува преку носот, појава што медицински се нарекува „ринореа“. Оваа слуз доаѓа од слузокожата која претставува тенка заштитна обвивка од клетки, што ја покрива внатрешноста на носната празнина. Слузта главно се состои од вода, сол, бели крвни клетки и гликопротеини.

Покрај тоа, слузта ја задржува прашината, спречувајќи на тој начин многу штетни материи да навлезат во белите дробови. На овој начин во белите дробови навлегува загреан воздух , но при издишувањето, топлиот воздух кој содржи и дел водена пареа, се судира со ладниот надворешен воздух. Оваа остра промена во температурата предизвикува водената пареа да се кондензира во мали водени капки на врвот од носот. Ова е истиот принцип по кој водената пареа се кондензира на огледалото во бањата кога се тушираме со топла вода (ова е делот каога настапува физиката).

НАУКА ЗА СИТЕ

ЕНаука — поддржана од читателите

Вашата поддршка ни помага да споделуваме наука на македонски.

ОБЈАВЕНИ НАСЛОВИ9,231од 2014 година
ВКУПНО ПРИМЕНО≈ 3,952 ден.

Поддржете ја ЕНаука

Изберете ја соодветната мрежа и копирајте ја адресата.

BTC15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6
DOGEDNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm
ETH0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c
SOLE7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.