Зошто октоподите имаат сина крв?

Octopus in back-light and sun over the sea surface. Shot in the wild.

Октоподите отсекогаш важеле за мистериозни суштества во длабокото и со нивниот изглед и карактеристики со векови ги фасцинирале луѓето. Но, можеби една од најчудните карактеристики е бојата на нивната крв. Зошто октоподите и лигњите имаат сина крв?

Иако можеби очекувавте повозбудливо објаснување, причината за бојата на нивната крв е едноставно еволуцијата.

Една од клучните компоненти на човековата крв е железото кое се содржи во хемоглобинот – протеин во крвта кој овозможува транспорт на кислород до нашите ткива и органи. Железото се врзува за кислородот, што всушност ја предизвикува црвената боја на нашата крв (сличен процес гледаме во природата кога железото оксидира, односно рѓосува).

Попримитивните видови (како октоподите, лигњите и голем број други безрбетници) користат друг протеин, наречен хемоцианин, која наместо со железото, се врзува со бакарот во крвта. Кога бакарот ќе се поврзе со кислородот, предизвикува сина боја на крвта.

Интересниот дел е тоа што хемоцианинот игра клучна улога во адаптацијата на октоподите и лигњите во нивната животна средина која често достигнува екстремно ниски температури (со оглед на тоа дека живеат блиску до дното). При такви температури, кислородот поцврсто се врзува за протеините и доколку не може да се оддели и да се достави до ткивата и органите, ќе дојде до задушување на организмот. За да не дојде до тоа, овие морски суштества имаат способност да ја менуваат концентрацијата на хемоцианин во крвта (до 40% во зависност од видот).

Но, зошто тогаш не еволуирале за да можат да живеат во потопли води?

Со оглед на нивниот краток животен век (во просек 5-15 години) и неможноста за миграција на големи растојанија (бидејќи ползењето по дното не е брз начин на движење), октоподите едноставно морале да еволуираат за да преживеат во своето одредено живеалиште. За тоа им е потребна флексибилност на терморегулацијата и транспортот на кислород, а хемоцианинот е подобрата опција за нивната анатомија и специфични потреби.

Покрај тоа, концентрацијата на бакар во подлабоките води се зголемува, додека концентрацијата на железо се намалува, па можеби лесната достапност на овој минерал во средината го предизвикала тој застој во нивната еволуција. 

Па, одговорот на прашањето зошто тие имаат сина крв е – за да преживеат!

Поддржете ја нашата работа: