Зошто осамените луѓе се осамени?

Некои понови истражувања покажуваат дека осаменоста не е само психолошки проблем, туку негативно се одразува и на физичкото здравје. Осаменоста го зголемува ризикот од смртност на лицето за 26%, што е еднакво на смртноста од зголемена тежина.

Токму поради новите докази за сериозните последици од осаменоста, некои истражувачи испитуваат што е тоа што прави осамените луѓе да останат осамени. Особено, кое однесување би можело да биде коренот на нивната изолација?

Една долгогодишна теорија е дека луѓето стануваат социјално изолирани поради недостаток на социјални вештини – и веројатно колку повеќе време поминуваат сами, толку повеќе вештините еродираат од недостаток на употреба.

Но, новото истражување сугерира дека ова е базично неразбирање на социјалната изолација. Осамените луѓе поседуваат социјални вештини, ги разбираат и употребуваат кога е потребно. Проблемот е што кога треба да ги манифестираат/употребат, тие се шокираат.

Во трудот објавен неодамна во списанието „Personality and Social Psychology Bulletin“, професор Меган Л. Ноулс од колеџот Френклин и Маршал извела четири експерименти, кои покажале дека осамените лица имаат тенденција да се шокираат кога се под социјален притисок.

Во еден од експериментите, Ноулс и нејзиниот тим ги тестирале социјалните вештини на 86 студенти, покажувајќи им 24 лица на компјутерски екран и барајќи од нив да ги именуваат основните човечки емоции на секое од лицата: лутина, страв, среќа или тага. На дел од студентите им било кажано дека се тестираат нивните социјални вештини, и дека оние кои нема да успеат во оваа задача имаат тешкотии во формирањето и одржувањето на пријателства. На останатите им било кажано дека се работи за теоретска вежба.

Пред почетокот, сепак, сите студенти пополниле прашалник за осаменост. На крајот, поосамените студенти поминале полошо отколку неосамените студенти во читањето на емоциите, но само кога им било кажано дека се тестираат нивните социјални вештини. Кога им било кажано дека ова е само општа теорија, тие имале подобри перформанси од неосамените. Во прилог на овие наоди се и некои претходни истражувања во кои се вели дека, на пример, колку луѓето се поосамени, толку подобро ги декодираат експресиите на лицето и тонот на гласот. Како теоријата оди, осамените луѓе можеби обрнуваат внимание на емоционалните знаци токму поради нивната болка да припаѓаат некаде и да формираат меѓучовечки врски, што резултира со технички супериорени социјални вештини.

Но нивното преголемо размислување и фокусираноста да не ги „зезнат“ нештата, на крајот води кон избегнување. Главното прашање е како да се намали анкциозноста при социјалните перформанси. Ноулс и нејзините колеги успеале да најдат еден таков начин за нивните осамени испитаници, иако, очигледно, тешко е применлив надвор од лабораторија.  

На испитаниците им бил даден енергетски пијалок како освежување и им било речено дека ако се почувствуваат „активно“, тоа е најверојатно од кофеинот. (Во реалноста, пијалоците не содржеле кофеин-плацебо.) Тие потоа го направиле тестот со читање на емоции, исто како и во првиот експеримент. Во споредба со резултатите од првиот експеримент, немало забележливи разлики во резултатите  кај неосамените, но забележано било подобрување кај осамените учесниците, дури и кога задачата била именувана како тест за социјални вештини.

Ќе биде тешко да се излажете себе дека вашите нерви пулсираат од кофеин, а не од фактот дека, навистина, навистина, навистина сакате да оставите добар впечаток во некои општествени средби, но постојат и други начини да ги менувате вашите сопствени размислувања за вознемиреност. На пример, перцепирајте/преформулирајте ја вознемиреноста како возбуда.

Во најмала рака,  тековните истражувања претставуваат релативно нов начин на гледање на осамените луѓе. Нема потреба од развој на социјални вештини, тие веќе ги имаат. Наместо тоа, осамените луѓе треба да се фокусираат повеќе да излезат од „сопствената глава“ и да ги користат одличните акумулирани вештини.

Поддржете ја нашата работа: