Поимот лебдечки камења можеби ви звучи како нешто од друга планета, но станува збор за вистински феномен кој најчесто настанува кога вулканите произведуваат карпи чија густина е помала од вода.
Геолозите долго време ги збунуваше фактот дека овој камен често лебди со години пред да потоне. Сега силните Х-зраци од Advanced Light Source synchrotron во Беркли го даваат одговорот.
Исто како што бродовите пловат бидејќи поради внатрешниот воздух имаат густина помала од онаа која ја има водата, целата мрежа на гас исполнета со дупки овозможува да се подигнат на површината. Подводните вулкани можат да исфрлат толку многу од овие камења, што бродовите понекогаш пловат низ повеќе километри длабоки наноси сочинети од милиони примероци од овој камен.
Така научниците во 2012та година открија подводна вулканска ерупција покрај Нов Зеланд само затоа што бродовите јавиле за големи наноси од камења кои лебдат на површината.
Овој феномен може да пренесе хранливи материи преку цел океан, на области каде недостасуваат, но исто така претставуваат закана за моторот на бродовите.
Иако првичната флотација на шупливиот високопорозен еруптивен камен (пемза) е разбирлива, со текот на времето водата сепак влегува внатре во него. Прашањето за пемзата веќе со години се наоѓа во литературата, и до сега не е решено. На почетокот се мисли дека порозноста на овој камен одвнатре е затворена.
Подеталното истражување покажало дека дупките во каменот се доста отворени и често меѓусебно поврзани. Научниците велат дека уште почудно е тоа што некои камења навечер потонуваат во водата, а дење се враќаат на површината.
Кристен Фауриа, студент од Беркли, ваквиот камен го споредила со отворено и исечено шише. Го премачкала каменот со восок пред да го изложи на Х-зрачење. Иако некои дупки биле доволно големи за да пропуштат вода, открила дека постојат дупки со широчина колку влакно.
Површинскиот напон во внатрешноста на овие мали пори е доволно висок за гасот за остане заробен во внатрешноста, и така се формираат меурчиња кои му овозможуваат да лебди. Исто така потоплите услови предизвикуваат да се шират гасовите во внатрешноста на пемзата, кои потоа ја исфрлаат од него водата, и така каменот се подигнува на површината, додека навечер станува поладно и тој потонува.