Солзите можат да бидат резултат на нашата тага, среќа или умор, но зошто воопшто плачеме?
Во видеото на „Тед Ед“ – „Зошто плачеме? Три типа на солзи“, Алекс Гендлер ја објаснува физиологијата на солзите, преку трите класификации: базични, рефлексни и емоционални солзи.
Плачењето е вродено, и дневно се создаваат околу 280 грама солзи, а годишно околу 132 кг. Кога се работи за полот, жените ронат повеќе солзи од мажите. Според едно истражување од 2011 година, објавено во „Journal of „Research in Personality“, жените плачат просечно 5,3 пати месечно, додека мажите 1,3 пати. Истражувачите веруваат дека ова е затоа што жените се биолошки предодредени да исфрлаат повеќе солзи, бидејќи солзните жлезди кај жените се многу помали од тие кај мажите.
Независно од полот, ние практично плачеме секоја секунда од животот и го продуцираме истиот тип на солзи. Солзната жлезда, која се наоѓа во надворешниот горен дел од очната празнина, постојано лачи антибактериска течност, богата со протеини. Оваа течност оди од надворешниот раб на окото кон рожницата и ја влажни целата површина на окото, секојпат кога ќе трепнеме.
Вишокот на течност што се создава при плачењето го преполнува изводниот канал низ кој поминуваат солзите, се излева надвор и паѓа по образите. Базичните солзи се секогаш присутни во очите и служат за влажење, заштита и нега на окото.
Вториот тип на солзи, познати како рефлексни солзи, ги штитат очите од иританси, како ветер, чад или кромид.
Третиот тип на солзи се тие кои се продуцираат под дејство на емоциите. Иако овие солзи содржат повисоко ниво на стрес хормони, тие исто така директно го смируваат ирисот, додека на другите луѓе им ја покажуваат емоционална состојба.
Плачеме откако ќе се родиме, па се до последниот ден од животот, но научниците се’ уште точно не знаат како или зошто солзите се корисни. Тие може да претставуваат и социјален механизам за да се придобие симпатија или да се покаже преданост.