Зошто порториканскиот мајмун станува жолт?

Истражувачите веруваат дека мајмуните случајно внесуваат пестициди во нивниот организам, што го потврдува фактот дека фармите на овој централно-американски остров во последните неколку години користат се повеќе од овие супстанци.

Додека камелеоните и лигњите можат да ја променат бојата на нивната кожа, мајмуните не можат – или не можеа се додека човекот не ги замеша своите прсти.

Локалното население и научниците така го забележале видот на мајмуни Alouatta palliata кој живее во Костарика, кој инаку е исклучително црн, со жолти флеки на опашката и нозете. Тоа воедно е и првиот доказ за брзата промена на пигментацијата на крзното на овој примат.

За да видат зошто тоа се случува, еден тим на научници од Шпанија и Костарика го анализирале крзното на еден од мајмуните кои пожолтеле.

Овој вид на примати, патем, има еден вид меланин наречен еумеланин – пигмент кој ги бои влакната и епидермисот во црна, сива или темно-кафеава боја. Кај овие црно-жолти мајмуни, истражувачите забележале дека меланинот се изменил во феомеланин кој содржи сулфур и кој постои кај животните со жолти, црвени или портокалови нијанси.

Истражувачкиот тим верува дека мајмуните внесуваат сулфур во нивниот организам преку конзумирање лисја кои се наоѓаат во близина на плантажи со ананас, банана и африкански палми кои се испрскани со пестициди.

Сулфурот од таквите внесени продукти најверојатно се меша со пигментот, што доведува до промени во составот на целата композиција на пигментот, сметаат истражувачите.

За ова објаснување допринесува и фактот дека во последните години на плантажите во Костарика се користат се повеќе пестициди.

Сепак, промената на бојата на крзното може да доведе до сериозни последици кои се однесуваат на животот на овие примати. Жолтите флеки можат да им помогнат на јагуарите и другите предатори полесно да ги воочат мајмуните помеѓу шумските дрвја.

Поддржете ја нашата работа: