Доколку и на вас ви се случило да уринирате повеќе кога е ладно времето, не грижете се, се е во ред со вас. Оваа појава е сосема нормална, но се случува од причина која можеби нема да ја очекувате – феномен наречен ладна диуреза.
Нашето тело има безброј методи на самоодржување, па изложеноста на студ стимулира неколку процеси со цел да не заштити. Кога ни е ладно, ни се случува нешто што е наречено вазоконстрикција, со цел да се одржи температурата на телото. Во суштина, кога крвта поминува низ нашите вени и во близина на кожата, надворешниот студ ја лади, па потоа движејќи се низ телото таа ја намалува нашата телесна температура. За да го спречи ова, телото чува колку што може повеќе крв во средина од телото, каде што може да остане топла. Крвните садови и капилари во нашите екстремитети, односно прстите на рацете и нозете, ушите и носот, се стеснуваат, со што тече помалку крв во тие области.
Меѓутоа, кога телото ги стеснува овие крвни садови, има помалку место за каде крвта да се движи, а исто количество на крв. Ова предизвикува крвниот притисок да се зголеми. Па тогаш започнува ладната диуреза. Бидејќи телото претпочита да се одржува топло без да се зголеми крвниот притисок, ќе се обиде да го намали на некој друг начин. Постои мала количина на вода во крвта, па телото всушност ја истиснува таа вода, за да го балансира притисокот.
Постои одреден хормон, наречен анти-диуретик хормон, кој што се намалува доколку расте крвниот притисок. Ова им сигнализира на бубрезите да ја повлечат водата од крвта и да ја чуваат во мочниот меур. Оваа разредена урина во мочниот меур, прави да чувствуваме нагон за мокрење. Уште поинересно е тоа што полниот мочен меур е многу добро место за дополнително губење на топлината, па така телото е нестрприво за да ја исфрли течноста и да ја одржи соодветната телесна температура при ладно време.
Не постојат многу луѓе кои ја проучуваат сложеноста на мокрењето, но има и неколку други предлози за тоа зошто луѓето уринираат повеќе кога е ладно времето. Една идеја тврди дека за тоа се одговорни аквапорините- протеини кои помагаат при транспортот на вода преку клеточните ѕидови. Во суштина, кога сме изложени на ладно време, аквапорините се инхибираат низ телото, со што е невозможно клетките да ја преземат водата, оставајќи повеќе од неа во крвта. Потоа, повторно, телото ќе се обиде да го балансира притисокот, извлекувајќи ја водата од крвта и складирајќи ја во мочниот меур.
Друга студија пак, трвди дека ладната диуреза е потикната со зголемување на хидростатскиот притисок на водата која што е поблиску до кожата, кој што ја присилува течноста да дојде поблиску до средината на телото, каде што најпогодно е да се складира во мочниот меур, што ни предизвикува мокрење.
Објаснувањето може едноставно да е само ладна диуреза, или некоја комбинација од сите овие природни процеси на телото. Најдобриот начин за да се спречи или да се влијае на оваа нормална реакција на телото е да се пијат помалку течности кога времето е студено.