Зошто зборуваме во сон?

Некои од нас спијат мирно и удобно, додека други мумлаат зборчиња, реченици па дури и цели говори додека спијат. Зошто е тоа така?

Техничкиот термин за зборувањето во сон е сомнилоквија. Како што заспиваме, ретикуларниот активирачки систем (RAS) ја предава контролата на вентролатералното преоптичко јадро (VLPO). Кога ќе заспиеме, нашиот мозок ослободува две соединенија: глицин и ГАБА. Овие хемикалии во суштина го парализираат телото односно го спречуваат движењето на гласните жици, устата и мускулите на телото додека спиеме. Затоа не реагираме на она што се случува во нашите соништа.

Научниците се’ уште не знаат зошто некои луѓе зборуваат во сон. Зборувањето може да се случи без разлика на тоа дали сонуваме или не. Некои истражувачи сметаат дека некои луѓе може да се провлечат низ парализирачкиот ефект на хемикалиите и да го вокализираат она што им се случува во главата. Уште еден факт кој научниците не го разбираат е тоа што зборувањето во сон почесто се случува кај мажите отколку кај жените. Поврзано е со месечарењето и ноќните мори.

Едно истражување на повеќе од 2 илјади деца на училишна возраст, објавено во „Brain and Development“ открило дека 10% од децата зборуваат во сон секоја вечер, а 50% еднаш во годината. Едно друго истражување, објавено во „Pediatrics“ открива дека повеќето абнормалности при спиењето кај децата се намалуваат до 13 годишна возраст, но не и зборувањето во сон.

Освен тоа што ќе го разбудите парнерот, зборувањето во сон не е опасно. Но, ако продолжите да го правите тоа и по 25-тата година, Националната фондација за спиење препорачува да побарате професионална помош, бидејќи сомнилоквијата кај возрасните може да е предизвикана од стрес, алкохол, дрога, премалку спиење или пак нешто посериозно, како депресија. Ограничете го количеството на кофеин навечер, избегнувајте го зрачењето од екраните и спијте доволно!

Поддржете ја нашата работа: