Зошто жените ги преферираат тетовираните мажи за сексуални партнери?

Тетоважите помагаат да се привлече вниманието на жените, но не затоа што тие сметаат дека таквите мажи се поатрактивни, туку дека тоа е знак за повисоко ниво на тестостерон. Ова може да значи дека тетовираниот маж е добар за сексуален партнер, но не мора автоматски да претставува и подобар избор за партнер за сериозна врска.

Едно ново истражување што е објавено во онлајн иданието на „Personality and Individual Differences“, покажува дека жените не ги оценуваат тетовираните мажи како поатрактивни, туку дека се мажи со подобро здравје, како поагресивни, доминантни и мажествени.

За потребите на истражувањето научниците замолиле 2.500 хетеросексуални жени и мажи  од Полска да погледнат слики од мажи, голи до појас. На некои од нив, дигитално биле нацртани мали тетоважи.

Излегува дека и мажите и жените ги поврзуваат тетоважите со „машкоста“, бидејќи и едните и другите ги оцениле тетовираните мажи како поагресивни, доминантни и мажествени. Сепак, за жените мажественоста автоматски не значи и добар партнер, бидејќи изјавиле дека ги сметаат тетовираните мажи како најлош избор за потенцијален партнер и татко.

b229e49d886c8e58ebb20998c6feb8ba

Според истражувачите, овие резултати би можеле да се објаснат со  „темната страна на  карактеристиките што се поврзуваат со тестостеронот“, бидејќи тој се поврзува и со разни облици на насилство, меѓу кои семејното насилство, како и со поголемата стапка на неверство дури и во наизглед моногамните врски.

За жал, изгледа дека тетоважите на женското тело немаат добар ефект. Едно истражување од 2015 покажува дека јавноста ги смета жените со видливи тетоважи како поотворени за секс без обврски, дека се помалку избирливи и дека имаат поголем сексуален нагон што го изразуваат преку тетоважите. Сепак, истражувањето открива дека иако се сметаат како поотворени за секс, на тетовираните жени автоматски не се гледа и како на промискуитетни, што традиционално претставува негативна карактеристика.  

Поддржете ја нашата работа: