Живееме во 24/7 часовна поврзана култура која ни овозможува да работиме, читаме и да го плаќаме сметките на нашите паметни телефони, се во исто време. Оваа способност на управување со повеќе работи, поставување на приоритети и прилагодување на променливите услови им доаѓа полесно на жените отколку на мажите. Едно неодамнешно истражување во „Human Physiology“ открива дека на мажите им треба повеќе енергија во мозокот отколку на жените за мултитаскинг.
„Нашите наоди покажуваат дека на жените им е полесно да го префрлат вниманието и нивниот мозок не треба да мобилизира дополнителни ресурси за тоа, за разлика од машките мозоци“- вели Светлана Капсова, автор на студијата и дел од економската невролингвистичка лабораторија од Високота школа на Националниот универзитет за истражување.
И претходните истражувања покажале дека на жените им е полесно да се префрлаат помеѓу задачите. Иако и двата пола се борат за да се справат со приоритетите, кај мажите просекот е помал. Жените се подобри во способноста да се префлаат меѓу дојдовните пораки, телефонски повици и задачи, за време на и надвор од состаноците. Сепак и мажите и жените забавувале и правеле повеќе грешки доколку се префрлале помеѓу задачите и се обидувале да работат побрзо.
Истражувачите укажуваат на тоа дека жените поминуваат повеќе време размислувајќи на почетокот, додека мажите се поимпулсивни и започнувааат премногу брзо. Ова подразбира дека жените можат подобро да запрат и да обработат што се случува пред нив во стресна и сложена ситуација. Сепак, Капсова и нејзините колеги нагласуваат дека се’ уште нема објаснување која област од машкиот и женскиот мозок реагира различно, и зошто ова е толку нејасно.
Вкупно 140 здрави доброволци, од кои 69 мажи и 71 жена на возраст од 20 до 65 години биле вклучени во низа на експрерименти. Тие извршувале тестови во кои било потребно префрлување на вниманието помеѓу сортирање на објекти според обликот (круг или квадрат) и според број (еден или два) со користење на функционална магнетна резонанца. Покрај тоа, биле спроведени и невропсихолошки тестови како на пример тест за способноста на префрлање на вниманието и тест за меморија.
Половите разлики се пронајдени за време на активирање на мозокот при префрлање помеѓу задачи кај учесниците помлади од 45 до 50 години. Истражувачите сметаат дека постарите жени и мажи, почнувајки од 45 годишна возраст кај жените и 55 кај мажите, искусуваат зголемена активација на клучните области во мозокот, и се во можност да мобилизираат дополнителни ресурси на мозокот. Иако времето за реакција е различно, тоа е едвај забележително во секојдневниот живот.
Па, зошто постои оваа разлика во половите?
Во моментов, американскиот психолот Џере Леви предлага дека мажите имаат тенденција за подобра просторна вештина, додека жените се подобри во повеќе вербални задачи поради еволуцијата и социјалните фактори. Во текот на историјата, мажите го поминувале своето време одејќи во лов, за што се бараат просторни способности, додека пак жените се грижеле за своите деца, со што развиле добри комуникациски вештини. Овие карактеристики на преживување се пренесувале од генерација на генерација, со што може да се објасни зошто овие полови разлики во мултитаскинг започнале да постојат.
Сепак , на мажите и жените не треба да им е толку важно кој е подобар во мултитаскинг. Во реалноста, има само мал број на луѓе кои се пристојни во мултитаскинг, познати како „supertaskers“, кој вклучува само 2 проценти од населението.