Зошто жените живеат подолго од мажите ?

Постојат повеќе научни истражувања што се обидуваат да ја објаснат оваа разлика, но досега никој нема конкретни резултати .

Најновото истражување, што се обидува да открие барем дел од енигмата за разликите во животниот век кој се јавуваат кај многу видови, меѓу кои и кај човечкиот, е спроведено од Универзитетот во Ексетер, врши тестови на муви и открива дека мажјаците муви живеат пократко од женките кога се присилени да се развиваат под притисокот на конкуренцијата и преживувањето.

Овие наоди можат да им помогнат на истражувачите да го разберат механизмот на стареењето.

Истражувањето било извршено на популација на мувата „Drosophila simulans“ , кои се развивале под различни режими на селекција. Истражувањето покажало дека половата конкуренција (сексуалната селекција) заедно со опстанокот (природната селекција)  посурово се одразува на стареењето кај мажјаците отколку кај женките со што нивниот животен век се скратува речиси за една третина.

Мувите биле поставени во порелаксирани или постресни услови на сексуална и природна селекција и оставени да се развиваат под тие услови. За да се поттикне сексуалната селекција во групите мажјаци биле сместени и женки. А за да се поттикне природната селекција, како додатен стрес била користена и несоодветна температура.

Мажјаците им се „додворуваат“ на женките преку пеење, играње или испуштање пријатен мирис. Ова бара одреден напор кој дополнително се зголемува кога треба да се справат и со несоодветната температура.

Резултатите покажале дека и мажјаците и женките кои се развивале под релаксирани услови на сексуална и природна селекција, имале приближно ист животен век – околу 35 дена. Додека пак мажјаците што се развивале под постресните услови на сексуална и природна селекција, имале многу пократок животен век – само 24 дена и загинале седум дена пред женките кои биле под истите услови.

И сексуалната и природната селекција имаат влијание на животниот век и на мажјаците и на женките, но тие полошо влијаат на мажјаците, што значи дека половите различно реагираат на исти режими на селекција.

„Овие резултати можат да помогнат да се објаснат разликите во животниот век помеѓу половите, што може да се сретне кај многу видови, вклучувајќи ги и луѓето, како и различните начини на стареење што се среќаваат во природата“, вели професорот Дејвид Хоскен од Унивезитетот во Ексетер.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt