Зошто жените живеат подолго од мажите?

Истражувачите од Универзитетот Стенфорд сметаат дека е редно време да се земат предвид разликите во намалената регенерација помеѓу мажите и жените. Ваквото истражување би можело да доведе до нови објаснувања за тоа како половите хормони естроген и тестостерон, или пак други фактори, влијаат на животниот век.

Познато е дека естрогенот има директно влијание на популацијата на матични клетки кај женските глувци – го зголемува нивниот број (што е многу корисно за време на бременоста) и го подобрува регенеративниот капацитет на мозочните матични клетки. Дали овие промени имаат директно влијание на животниот век допрва треба да се истражи. Други неодамнешни истражувања веќе покажаа дека додатоци од естроген го зголемуваат животниот век на машките глувци, и дека човековите евнуси живеат околу 14 г. подолго од мажите кои не се кастрирани.

Потребни се повеќе истражувања за да се разбере како генетиката влијае на матичните клетки помеѓу машкиот и женскиот пол. Некои истражувања на глувци покажале дека активноста на некои гени поттикнува долговечност кај едниот пол, но не и кај другиот, и дека некои машки глувци имале знаци за пократок клеточен живот. „Многу е веројатно дека и сексот игра улога во долговечноста и здравјето, но ефектите може да не се исти за двата пола“, истакнуваат научниците. Истражувањата продолжуваат.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt